19.11.2021

Пред налетите на гевгеличани падна и МЗТ Скопје Уни Банка, сигурни (104:92)

8.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Четири победи по ред за Кожув

Кошаркарите на Кожув ја продолжија серијата на победи во Првата лига. По четвртти пат избраниците натренерот Павле Николов излегоа како победници во однос на противниците,

Вечерва, во Гевгелија беа подобри и од вториот тим на МЗТ Скопје, со суфикс Уни Банка.

КОЖУВ – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА     104:92

Доста израмнето се играше во првиот дел од средбата во Гевгелија. Макар што на истекот на првата четвртина гевгеличани имаа предност од пет поени (30:25).

Во продолжението од играта гостите од Скопје успеаја да го оддржат тоа поентерско ниво, и да не му дозволат на домашниот тим да направи некоја поголема разлика.

До крајот на полувремето беше видена рамноправна игра евидентирана и во резултатот. Кожув имаше смо два поени вишок (49:47), по 20.одиграни минути.

Но во продолжението од играта „црвено-белите“ делуваа мошне посигурно во однос на противникот. Во седум минути, парцијално, домаќините направија (23:11), и тоа ниско водство го претворија во доста сигурно. По 28.минути Кожув водеше со (72:58), и на повидок беше четвртата победа во серија.

До истекот на тој период, кој се покажа како решавачки, домашните кошаркари уфрлија дури 33.поени, и поведоа со уште повисоки (82:64).

Блескаше повратникот во нашиот национален тим, Кирил Николовски, кој веќе реализираше 24.поени, плус и шест скока.