20.11.2021

Во натпревар во кој имаа постојано водство, „зелено-белите“ го совладаа Работнички (88:84)

8.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Пелистер оди на пауза со перфектни „осум од осум“

Екипите на Пелистер и Работнички го затворија осмото прволигашко коло по кое, поради настапите на нашата машка сениорска репрезентација во квалификациите за Светскиот Куп 2023, следува пауза.

Одмор кој „пелистерци“ го дочекуваат со максимален ефект, осум победи во осум натпревари.

 ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ        88:84

Одлична прва четвртина имаше Недим Мустафица. Крилото на гостинската екипа одработи за 13.поени во првиот период од играта во дерби-дуелот игран во салата „Боро Чурлевски“.

По негова заслуга, Работнички поведе со (25:22), но сепак, Пелистер, со пет поени по ред во нецели 50 секунди, два поени од Младеновиќ и тројката на Ѓуроски, го доби уводниот дел од средбата со (27:25).

Изедначено се играше во Битола цели 16.минути во кои Пелистер имаше минимални (36:35).

Но во оние последни четири минути од првото полувреме, битолчани стигнаа и до двоцифрено водство. По новата тројка на Ѓуроски, Пелистер поведе со (51:40), за првитге 20.минути од дербито бидат затворени со уште повисок резултат (52:40).

Малешевиќ со десет поени беше прв стрелец во екипата лидер во Првата лига додека пак Мустафица застана на 19.поени, а Пол на 10 кај Работнички.

По двете тројки на капитенот Марковски, гостите се доближија на (48:54). Но Младеновиќ и Кесар го одбија тој налет, за (60:50). A таа четвртина на „враќање“ на „црвено-белите“ заврши со, за нив достижни (63:69). Но тимот кој од клупата го предводи Тони симиќ не успеа да направи нешто повеќе од тоа, па мораше да се помири со третиот пораз во овие осум кола.

Она наредното, на програмата е на 4.декември, на ред се репрезентативните активности.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО

Пелистер – Работнички  88:84

Навико Академија ФМП – Ангели      83:70

Еуро Никел 2005 – Куманово 2009    87:69

Кожув – МЗТ Скопје Уни Банка           104:92

МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар      78:75

Феникс 2010 – ТФТ           90:85

ТАБЕЛА: Пелистер 16, МЗТ Скопје Аеродром 15, Гостивар 13, ТФТ 13, Работнички 13, Навико Академија ФМП 13, Феникс 2010 12, Кожув 12, Еуро Никел 11, Куманово 2009 9, МЗТ Скопје Уни Банка 9, Ангели 8;  

ИДНО КОЛО (04.12)

МЗТ Скопје Уни Банка – Еуро Никел 2005

Куманово 2009 – Феникс 2010

Работнички – Кожув

Гостивар - Навико Академија ФМП

Ангели – Пелистер

ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром