20.11.2021

Во „Јасмин“, убедливи (87:69) за Еуро Никел 2005

8.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Вицешампионот „спои“ две победи, совладан е Куманово

Откако ставија крај на серијата од пет порази едно по друго, кавадарчани успеаја да врзат две победи на домашен терен. По триумфот над Феникс 2010, Еуро Никел 2005 славеше и против Куманово

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – КУМАНОВО             87:69

Вицешампионот стигна до комотна предност уште во првата четвртина, а високата реализација продолжи и до крајот на средбата за планиран триумф над кумановските „сино-бели“ кои и понатаму кризираат и покрај тренерската смена по која Владимир Мирковски повторно се врати на првата позиција.

Уште на самото отворање кога обезбеди резултатска предност, а и покрај тоа што истата не беше двоцифрена по 10. минути (28-21), домашниот состав најави дека на овој натпревар оди на победа и ништо повеќе пд тоа.

Го потѕврдија тоа и благодарение на одличната игра во втората четвртина во која дојда на уште повисоки (50:33) како што беше резултатот на полувремето.

Високата реализација кавадрачани ја префрлија и на отварањето на второто полувреме па предноста до крајот на третата четвртина достигна и +28 (78-50) со што беа решени сите дилеми за победникот на средбата.

Бранислав Ѓекиќ беше посебно мотивиран против својот поранешен тим, и со 21 поен и 9 скока, беше прво име кај домашниот состав  Дарко Соколов го следеше со 15. поени и 6. асистенции, додека 14. поени додаде Томиќ. Како двоцифрени во Еуро Никел 2005 со 12, односно 10 поени мечот го заврши американскиот двоец, Калахан и Дубински.

Од друга страна, кај гостите 22.поени постигна Ненад Зивчевиќ, а дабл-дабл од 18. поени и 12. скока имаше Глигоријевиќ.