ФОТО: Стефан Крстајиќ го предводеше домашниот тим до нова победа
Првата, перфектно одиграна четвртина, го одреди конечниот победник на соседската пресметка.
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – АНГЕЛИ 89:70
Одлична прва четвртина одигра кошаркарите на Навико Академија ФМП во „соседското дерби“ против Ангели. Во само десет минути избраниците на тренерот Александар Петровиќ стигнаа до дваесет поени „вишок“ (29:9) и практично уште во тој прв дел од играта, симнаа голем дел од дилемите околу тоа кој ќе биде победникот на дуелот на двете екипи кои своите мечеви ги играат во салата „Независна Македонија во Кисела вода.
До крајот на првто полувреме „лавовите“ изградија уште повисока предност. Имаа водство од (47:26)
Без промени во играта, но и во резултстот, се одвинаа настаните во второто полувреме. Со забелешка дека гостите намалија само три поени од високата негатива.
На влезот во последната четвртина Навико Академија ФМП водеше со повеќе од сигурни, и недостижни (69:51).
Односно 30. минути во кои пет домашни кошарари имаа двоцифрен број на поени, згора на тоа правилно распоредени, на задоволство на стручниот штаб. А Оливер Двојаковски веќе имаше и двоен ефект, односно 11 поени и 10 скока.
Првенствената пауза која следи поради настапите на нашата машка сениорска репрезентација во квалификациите за Светскиот Куп 2023, дебитантот ќе ја дочека на последната позиција на табелата со осум порази во исто толку одиграни натпревари.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО
Навико Академија ФМП – Ангели 89:70
Еуро Никел 2005 – Куманово 2009 87:69
Кожув – МЗТ Скопје Уни Банка 104:92
МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар 78:75
Феникс 2010 – ТФТ 90:85
Пелистер – Работнички (во тек)