Две екипи со скоро изедначен квалитет, влегоа во својот петти првенствен натпревар од почетокот на сезоната. Двете со идентичен ефект досега, три победи и еден пораз.
А по 40.минути игра во која Академија ФМП беше во постојано водство, на крајот, на четврттиот успех му се радуваа кошаркарите од Кисела Вода.
АКАДЕМИЈА ФМП – ТФТ 89:75
Академија ФМП беше екипата која „влезе“ подобро во скопската пресметка во салата „Независна Македонија“. По седум минути игра, „пантерите“ веќе имаа и двојно повеќе даде отколку примени поени. По тројката на Крстајиќ, поведоа со малку очекувани, (25:11). Доволна причина за тренерот на гостинската екипа Боро Смилковски, да побара тајм-аут.
Втората по ред тројка на Крстајиќ го донесе домашниот тим на уште повисоки (28:12), за тој прв период заврши со резултат (30:16).
Во ист стил продолжија кошаркарите на Александар Петровиќ. Со серија од (9-2) дојдоа до уште повисоки (39:18) по нецели четири минути игра од втората четвртина.
Работата им ја олеснија и гостите кои биеја очајно за три поени. До тој момент, по 15.минути од мечот, имаа само (1/11) од таа позиција.
До истекот на првото полувреме скоро целата стартна петорка на Академија ФМП, освен Двојаковски, имаше двоен број на поени. Што доволно говори за оној колективен пристап кон обврските кои ги имаше екипата-домаќин.
Но последните пет минути од првиот дел беа резервирани за „црно-белите“ од Тафталиџе. Хортон го врати својот тим назад во мечот со 13.поени.
По 20.минути, ТФТ беше во негатива од „само“ осум поени (37:45).
Само, ако се земе в предвид дека во текот на втората четвртина, Академија ФМП имаше предност и од 21.поен (39:18)...
Слична серија ФМП направи и на почетокот на третата четвртина, сега од (10-2) за враќање на високата позитива, (55:39). Кога се разигра Лаклан Андерсон, домашниот тренер, Александар Петровиќ мораше да реагира, за прв пат во второто полувреме побара минута за одмор и советување.
Во 27.минута, ТФТ се доближи на едноцифрена негатива (51:60).
Слично беше и на крајот на тој дел од играта (67:59) за домашната екипа.
Во оној последниот, тимот од Кисела Вода го одби налетот на Хортон и Андерсон, кои со помош на Херис намалија и на шест поени негатива. На помалку од четири минути до крајот, по првите поени на Петровски, Академија ФМП одново имаше комотни (79:67), кои с епокажаа како недостижни за гостите од Тафталиџе.
Натпреварот во салата во Кисела Вода започна со едноминутно молчење во знак на почит кон некогашниот селектор на машката, на женската сениорска и на младинската репрезентација на Македонија, Марјан Лазовски, кој почина денеска.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 9. КОЛО
Академија ФМП – ТФТ 89:75
Гостивар – Вардар во тек
НЕДЕЛА:
13.30: Црн Дрим Грин мобиле – Пелистер (стрим)
17.00: Куманово 2009 – МЗТ Скопје Аеродром (стрим)
ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ
МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички
Еуро Никел 2005 - Кожув