Деветтото коло ќе биде биде поделено на два дела. Три натпревари ќе се играат во сабота, уште три еден ден подоцна.
А се чини дека во центарот на вниманието ќе биде оној во недела од 17.часот, во салата на СРЦ „Кале“ а во кој кошаркарите на ТФТ го дочекуваат актуелниот бранител на титулата, МЗТ Скопје Аеродром.
„Помладиот брат“ од Аеродром, екипата на МЗТ Скопје Уни Банка, ќе го отвори ова деветто првенствено коло против актуелниот вицешампион – Еуро Никел 2005, во натпревар кој стартува од 17.часот.
Еден час подоцна, но во „Кале“, Работнички е домаќин на се подобриот состав на Кожув, додека саботната програма ќе финишира со дуелот во Гостивар, каде од 19.часот, гостува Навико Академија ФМП.
Во недела, освен средбата во СРЦ „Кале“, следуваат уште две. Во Кисела Вода, во иатиот термин, од 17.часот, екипата на Ангели го пречекува лидерот во прволигашката конкуренција – Пелистер, зад кого се осум победи по ред. Од 18.часот, Куманово 2009 ќе се обиде да ја прекине поразителната серија во натпреварот против екипата на Феникс 2010.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
ДВОЈКИ 9. КОЛО
САБОТА:
17.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Еуро Никел 2005
Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
https://youtu.be/aDBrO0_8ia0
18.00: Работнички – Кожув
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
https://youtu.be/paL6lm2SjPM
19.00: Гостивар – Навико Академија ФМП
Сала „Младост“ – Гостивар
https://youtu.be/23kgm-ItTeA
НЕДЕЛА:
17.00: ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ)
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
https://youtu.be/E-o3fqKy6Q0
17.00: Ангели – Пелистер
Сала „Независна Македонија“ – Скопје
https://youtu.be/-sirliqjGz4
18.00: Куманово 2009 – Феникс 2010
Сала „Перо Наков“ – Куманово
https://youtu.be/MFyq5PK8ZeM