20.12.2020

Битолчани лесно излегоа како победници и на гостувањето во Струга, против Црн Дрим Грин мобиле, (102:70)

9. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Нема „СТОП“ за „пелистерци“, запишаа уште една „стотка“

Долго време не играа, ама кога почнаа да го прават тоа, туркаат се пред себе. И во четврттиот одигран натпревар, кошаркарите на Пелистер стигнаа до триумф. Веројатно и полесно од очекувањата го поминаа гостувањето во Струга.

Црн Дрим Грин мобиле во овој момент не е доволно конкурентен за составот кој го предводи Марјан Илиевски, кој си максимални четири победи во исто толку мечеви е екипата со најдобар скор во Првата лига.

ЦРН ДРИМ ГРИН МОБИЛЕ – ПЕЛИСТЕР       70:102

„Пелистерци“ почнаа да ја оправдуваат улогата на фаворити буквално од првата минута на дуелот во Струга. Предводени од одличните Кесар и Малешевиќ, брзо се стекнаа со двоцифрена позитива. А до крајот на првата четвртина комплетираа 31.поен. Примија двојно помалку, само 15.

Со серија од осум поени, стручани се доближија на едноцифрени (23:31), како што беше на семафорот во 13.минута. Но „зелено-белите“ возвратија со своја серија од (10-2) и одново ги вратија работите во „нормала“ (41:25).

По поените на Малешевиќ, гостите од Битола имаа и плус 20 (47:27), а на полувремето беше слични (54:33).

Односно 20.минути во кои двоецот на Пелистер, Кесар-Малешевиќ уфрли повеќе од вкупниот број на поени на домашната екипа, поточно, 36.

Во второто полувреме, освен Шчекиќ, кај домаќините, во поентерско расположение влезе и Клусен. А Црн Дрим беше доста поконкурентен ривал во третата четвртина.

Но битолчани го добија Стајиќ како трет „двоцифрен“ играч во нивните редови, и постојано беа на висока резултатска дистанца. Но 27.минутаа имаа предност од (70:47), која до истекот на тој период ја зголемија на (76:51).

Мошне интересно, во три четвртини од играта, гостите од Битола имаа повеќе асистенции-19, во однос на скоковите, само 17!

Во последната, Илиевски се реши да го поштеди Кесар, Стајиќ и Калахан, а свои минути добија Нацевски, Вилијамс и Зекири, потоа и Михајлоски и Јовановски.

Без никакво „влијание“ околу конелниот резултат. Битолчани се максимални, со сериозна кандидатура за највисок пласман, макар и само по четири стартни победи по оваа реализирана на најблиското нивно гостување во сезоната, во Струга.

ФОТО: Димитар Петковски

 

ПРВА ЛИГА - МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО

Црн Дрим Грин мобиле – Пелистер  70:102

Академија ФМП – ТФТ    87:75

Гостивар – Вардар           91:53

ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ

Куманово 2009 – МЗТ Скопје Аеродром

МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички

Еуро Никел 2005 – Кожув