19.12.2020

Во оние вторите десет, од првото полувреме, Гостивар направи (30-9), и конечни (91:53)

9. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: „Вардарци“ парираа само десет минути

Во право беа кошаркарите на Гостивар кога во најавата пред овој меч испратија порака дека се „жедни“ за кошарка. Навистина имаа десет минути за „загревње“, но кога стигнаа до една „работна атмосфера“ спас за младиот тим на „црвено-црните“ во Гостивар, едноставно немаше...

ГОСТИВАР – ВАРДАР       91:53

Помалку изненадувачки беа оние (13:13) на семафорот во салата „Младост“ по истекот на 10.минути од првата четвртина.

Но не и она што следуваше во продложението од играта. Во секој минута од четвртината, домашната екипа реализираше по три поени, во просек. Имаа 30. во тој период, за на одмор да заминат со високи (43:22).

И покрај позитивата од повеќе од 20.поени, Гостивар немаше намера да запре. Во ист стил домашните кошаркари го одиграа и третиот дел, во кој дојдоа и до плус 35 (65:30).

Како тренерот Марјан Србиноски да сакаше да одржи и нешто посилен тренинг за она што следува во наредните денови. Околностите му го дозволија и тој луксуз. Пред себе немаа противник кој може да се врати, да проба да ја намали таа голема негатива. Им беше уште потешко без својот најдобар стрелец, Џуниус Провел, кој не настапи на ова гостување.

Трета победа за Гостивар во пет одиграни натпревари, и четвртти пораз за Вардар во исто толку мечеви.

Натпреварот во салата „Младост“ во Гостивар, започна со едноминутно молчење во знак на почит кон некогашниот селектор на машката, на женската сениорска и на младинската репрезентација на Македонија, Марјан Лазовски, кој почина денеска.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 9. КОЛО

Академија ФМП – ТФТ    87:75

Гостивар – Вардар     91:53     

НЕДЕЛА:

13.30: Црн Дрим Грин мобиле – Пелистер (стрим)

17.00: Куманово 2009 – МЗТ Скопје Аеродром (стрим)

ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ

МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички

Еуро Никел 2005 - Кожув