13.12.2021

Во големото дерби, Бадел 1862 по втор пат подобар од Баскет Кам 2011 (77:64)

9. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: „Баделки“ го потврдија првото место, со втора победа над шампионот

Во дерби дуелот одигран во салата „Независна Македонија“, гостинките од Македонска Каменица подобро го отворија натпреварот.

Поведоа со (8-0), но нивната предност траеше само до краот на првата четвртина. Со серија од 17. поени по ред, пред крајот на првиот и почетокот на вториот период, Бадел 1862 се одлепи на (33:19)

Драматиката во дербито делумно се врати во третата четвртина кога екипата од Македонска Каменица намали на пет поени негатива (48:53).

Но „баделки“ брзо ги вратија работите на своето место и лидерот во шампионатот дојде до нова убедлива победа.

Со 23 реализации, Александра Стојановска беше најефикасна на натпреварот. Нена Трајчевска додаде 16, а Ивана Кметовска 15 во победничката екипа.

Кај Баскет Кам 2011, Тасевска стигна до 20 поени, Адамс реализираше 14, а Пуљизевиќ оствари дабл-дабл од 14 поени и 11 скока.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО

Вардар – Пробаскет        89:53

Бадел 1862 – Баскет Кам 2011 77:64

МЗТ Скопје Аеродром – Струга 2009 56:69

Работнички – Крива Паланка  80:71

ТАБЕЛА: Бадел 1862 18, Баскет Кам 2011 16, Вардар 16, Струга 2009 15, Крива Паланка 12, Работнички 11, МЗТ Скопје Аеродром 11, Пробаскет 9;

ИДНО КОЛО (18.12)

Пробаскет – Бадел 1862

Струга 2009 – Вардар

Баскет Кам 2011 – Работнички

Крива Паланка – МЗТ Скопје Аеродром

ПРВА „Б“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО

Тим Арена – Трокал        30:78

Патриот 2016 – Куманово         70:47

Мега Баскет – Гризли      40:93

15.12: Шкупи - Гостивар

Риниа – слободен

ТАБЕЛА: Трокал 14, Патриот 2016 13, Гризли 12, Гостивар 2009 10 (-1), Тим Арена 10, Шкупи 9 (-1), ЖКК Куманово 2020 9, Мега Баскет 8, Риниа 7;

ИДНО КОЛО (18.12)

Гостивар – Тим Арена

Куманово – Шкупи

Гризли – Патриот 2016

Мега баскет – слободен

Трокал - слободен