23.12.2019

9. КОЛО ОД ПРВАТА ЛИГА-ЖЕНИ: Бадел 1862 и Струга 2009 го (пре)стигнаа Вардар

Но бранителот на титулата има натпревар помалку кој треба да го игра наредниот викенд против екипата на Крива Паланка...

 

Деветтото коло беше и последното во оваа календарска година и во Првата женска кошаркарска лига. Не донесе некои промени во поглед на резултaтите, пред се на оние екипи од горниот дел од табелата.

Со оглед на тоа дека кошаркарките на Вардар својот натпревар (против Крива Паланка), ќе го одиграат нешто подоцна, пратителите на табелата, Бадел 1862 односно Струга 2009 го искористија тоа. И макар за една седмица се искачија на првото место на табелата.

Бадел 1862 беше двојно подобар од Студент Академија (104:52), додека пак убедливи беа и стружанки на гостувањето кај Шкупи (60:28).

Па сега и двете екипи имаат по 17. бодови, или еден повеќе од Вардар кој го чека дуелот со Крива Паланка кој е закажан за 29. декември.

Два дена порано ќе играат екипите на Пробаскет Академија и Пантери. Првиот меч во новата 2020 година, на 18. јануари е предвиден да се игра во Македонска Каменица, каде Баскет КАМ ќе го пречека тимот на Патриот 2016 од Делчево.   

Инаку, во третиот натпревар од ова некомплетно коло, Гостивар 2009 беше многу подобар противник од Трокал (65:36). Тоа е четвртти триумф за женскиот прволигаш од Гостивар во оваа полусезона.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО

Гостивар 2009 – Трокал             65:36
Студент Академија – Бадел 1862      52:104
Шкупи – Струга 2009      28:60
27.12: Пробаскет Академија – Пантери
29.12: Крива Паланка - Вардар
18.01: Баскет КАМ – Патриот 2016

ТАБЕЛА: Бадел 1862 17, Струга 2009 17, Вардар 16 (-1), Баскет КАМ 13 (-1), Крива Паланка 13 (-1), Гостивар 13, Студент Академија 13, Пробаскет Академија 12, Пантери 12(-1), Шкупи 10, Трокал 10, Патриот 2016 9 (-1)

ИДНО КОЛО (25.01.2020)

Патриот 2016 – Студент Академија
Трокал – Шкупи
Пробаскет Академија – Баскет КАМ
Пантери – Вардар
Струга 2009 – Крива Паланка
Бадел 1862 – Гостивар 2009