18.12.2020

Тетовци сакаат да ја искористат неподготвеноста на чаирчани и да останат на врвот на Западот...

9. КОЛО ОД ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Дербито е во Чаир, доаѓа Тетекс

Деветтото коло од Втората лига кое ќе се игра во наредните два дена, со себе носи четири натпревари. Пандемијата која ја донесе корона вирусот, за жал, донесе одложување на уште неколку натпревари.

Оние кои ќе се играат, се поделени во два дена...

Саботната програма носи по еден меч на Истокот и уште еден на Западот.

Во источниот дел од второлигашката конкуренција, Ангели важи како апсолутен фаворит во дуелот (од 14.часот),  со последнопласираниот тим на Ролинг 08.

На Западот од 12.часот, следува средбата помеѓу екипите на Хераклеа и Спорт Тим од Неготино.

И во недела се играат два натпревари. А посебно важен е оној во Чаир. Во салата „Шабан Трстена“, од 17. часот, Чаир 2030 го пречекува тетовски Тетекс ТТК. Чаирчани се враќаат на теренот по двонеделна пауза против еден од директните конкуренти за највисок пласман во оваа конкуренција. Со желба да останат на тој единствен пораз во шест одиграни натпревари досега.

Од 13.30 часот, во групата „Исток“ е предвидена и кумановската пресметка. Во салата на „Перо Наков“ играат екипите на МКК Куманово и Куманово-2.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 9. КОЛО

ИСТОК

САБОТА:

14.00: Ангели - Ролинг 08

НЕДЕЛА:

13.30: МКК Куманово – Куманово 2

ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ

Пробаскет – Феникс 2010

Шкупи – Борец Баскет

Баскет КАМ - Струмица

ТАБЕЛА: Ангели 12 (-2), Борец Баскет 11 (-2), Феникс 2010 9 (-3), Струмица 9 (-2), Баскет КАМ 8 (-3), Пробаскет 8 (-2), Ролинг 08 8, Шкупи 7 (-4), Куманово-2 7 (-2), МКК Куманово 4 (-5)

ЗАПАД

12.00: Хераклеа – Спорт Тим

НЕДЕЛА:

17.00: Чаир 2030 – Тетекс ТТК

ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ:

Спарта – Риниа

ГКК Охрид – Мега Баскет

Пелистер Медика Карта – Партизан Водно Санс

ТАБЕЛА: Хераклеа 14, ГКК Охрид 12 (-1), Тетекс ТТК 12 (-1), Чаир 2030 11 (-2), Партизан Водно Санс 10 (-2), Риниа 10 (-1), Пелистер Медика Карта 10 (-1), Спарта 8 (-1), Мега Баскет 8 (-2), Спорт Тим 7 (-1)