06.12.2021

По поразот во Штип, чаирчани се рехабилитираа со победа против Струмица, Вардар убедлив против Хераклеа во Битола

9. КОЛО ОД ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Вардар и Соколи 1933 на чекор до Чаир 2030

ФОТО: Кошаркарите на Соколи 1933 ставија крај на победничката серија на Чаир 2030 

Нема веќе непобедливи екипи во Втората лига...

Кошаркарите на Соколи 1933 ја запреа победничката серија на екипата на Чаир 2030, па сега, по новиот триумф на гостувањето во Охрид (80:73), по девет одиграни кола, се само на победа зад чаирчани.

Имаат ефект од седум победи и два порази, ист каков што имаат и кошаркарите на Вардар кои пак во ова коло ги освоија бодовите на гостувањето во Битола, каде беа подобри од Хераклеа (88:68).

А по првата загуба во првенството, кошаркарите на Чаир 2030 брзо се рехабилитираа, со убедлив триумф против Струмица (87:71) кој ги остава на првата позиција во пресрет на второто големо дерби во сезоната.

Следниот викенд, им следува гостување кај Вардар „Под Кале“.

Многу важна победа остварија кошаркарите на Баскет Кам на гостувањето во Струга беа за два поени подобри од Црн Дрим (83:81) а во „тесна завршница“, Шкупи излезе како победник во средбата против Борец Баскет (81:78).

Прекин на серијата неуспешни игри ставија и кошаркарите на Тетекс ТТК кои на домашен терен го совладаа Партизан Водно Санс (75:69)

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО

Хераклеа – Вардар          68:88

Шкупи – Борец Баскет    81:78

Чаир 2030 – Струмица    89:71

Тетекс ТТК – Партизан Водно Санс    75:69

Охрид – Соколи 1933      73:80

Црн Дрим – Баскет Кам  81:83

ТАБЕЛА: Чаир 2003 17, Вардар 16, Соколи 1933 16, Баскет Кам 14, Шкупи 14, Партизан Водно Санс 14,  Струмица 13, ГКК Охрид 13, Борец Баскет 12, Тетекс ТТК 12, Хераклеа 11, Црн Дрим 10;  

ИДНО КОЛО (11.12)

Вардар – Чаир 2030

Соколи 1933 – Тетекс ТТК

Шкупи – Хераклеа

Борец Баскет – Баскет КАМ

Партизан Водно Санс – Црн Дрим

Струмица - Охрид