10.02.2020

9. КОЛО ОД ВТОРАТА ЛИГА: Струмица над Феникс, Ангели преку Мега Баскет

Двете водечки екипи во групите, ТФТ односно Партизан Водно Санс во ова коло „одмораа“, па тоа беше добра можност на конкуренцијата да им се доближи...

 

А тоа успешно го направија екипите на Струмица, односно на Ангели.

На Истокот, струмичани ги издржаа сите налети на гостувањето кај Феникс 2010, и славеа со минимални (80:78). Па сега се со исто бодовно салдо како и нивниот противник.

Колото на гостите во оваа конференција го одбележаа и победите на Баскет КАМ во Велес, против Борец Баскет (89:78), односно на Спарта во дуелот со МКК Куманово (81:62). Неизвесно беше во Чаир, каде Шкупи минимално ја совлада Ри-ниа со (76:74).

Во Западната група, најубедливо беше изданието на Ангели. На гостувањето во Прилеп беше победена екипата на Мега Баскет со високи (101:70). Одлично издание имаше и екипата на Црн Дрим. Во Струга застана екипата на Чаир 2030 (93:73).

Па со овие два бода, овие две екипи се доближија до скорот на Партизан Водно Санс.

До првата победа во Втората лига во оваа сезона, дојде екипата на Спорт Тим. Неготинци го победија Албес (88:71), додека пак во последниот меч од ова деветто коло на Западот, во Битола, Хераклеа беше подобра од Тетекс ТТК (62:56).

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ИСТОК

РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО

Феникс 2010 – Струмица       78:80

МКК Куманово – Спарта         62:81

Борец Баскет – Баскет КАМ  78:89

Шкупи - Риниа     76:74

ТФТ - слободен

ТАБЕЛА: ТФТ 16, Феникс 2010 14, Струмица 14, МКК Куманово 11, Баскет КАМ 11, Борец Баскет 11, Шкупи 11, Спарта 10, Риниа 10;

ИДНО КОЛО (15.02)

Шкупи – Баскет КАМ

Борец Баскет – Спарта

МКК Куманово – Струмица

Феникс 2010 – ТФТ

Риниа - слободен

ЗАПАД

РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО

Албес – Спорт Тим         71:88

Хераклеа – Тетекс ТТК 62:56

Црн Дрим – Чаир 2030 93:73

Мега Баскет – Ангели  70:101

Партизан ВС - слободен

ТАБЕЛА: Партизан ВС 15, Ангели 14, Црн Дрим 14, Чаир 2030 12, Тетекс ТТК 12, Мега Баскет 12, Хераклеа 11, Албес 9, Спорт Тим 9;

ИДНО КОЛО (15.02)

Мега Баскет – Чаир 2030

Црн Дрим – Тетекс ТТК

Хераклеа – Спорт Тим

Албес – Партизан ВС

Ангели - слободен