05.12.2021

Со триумфот во Гостивар од (70:64), „лавовите“ од Кисела Вода се пробија на делба на третото место на табелата

9.КОЛО ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Навико Академија ФМП не признава замор, го освои Гостивар

Екипите на Гостивар и на Навико Академија ФМП го затворија деветтото првенствено коло.

Во гостиварски „Младост“, екипата од Кисела Вода стигна до особено важна победа. Иако видно заморени по долгото патување до Израел и две средби против тешки противници, избраниците на тренерот Александар Петровиќ најдоа решение за Гостивар.

Гостивар – Навико Академија ФМП  64:70

Долго време ја „бркаа“ предноста на противникот домашните кошаркари. И успеаја во тие свои обиди во 33.минута, кога по поените на Дејли, израмнија на (54:54).

Тоа беше и знак дека натпреварот во салата „Младост“ во Гостивар да добие еден поинаков,  драматичен тек.

Претходно, се беше на страната на гостите од Навико Академија ФМП. „Лавовите“ од скопска Кисела Вода беа во постојано водство, во доредени моменти и двоцифрено.

На две минути пред крајот, по реализацијата на Тодоровиќ, гостиварци дојдоа на само „половина кош“, негатива (61:62). Откако јанески не донесе комплетен резултатски пресврт, Ајви го зголеми водството на гостинската екипа. Потигна тројка, за (65:61). Но брзо, на ист начин врати, Тодоровиќ за (64:65) и решение во последните 60.секунди.

Токму Ајви ја искористи загубената топка, од Дејли, и од линијата за слобофни фрлања одново ја зголеми предноста за својата екипа (67:64), но до крајот останаа само 28.секунди. Тодоровиќ не погоди за егал резултат. Следуваше половична реализација на Ајви од линијата за слободни фрлања за (68:64). А по новиот неуспешен обид за три поени, сега од Ефремовски, Бакоч со два „пенали“ ја завери големата победа во Гостивар за Навико Академија ФМП, и пробив на делба на позицијата број 3 на првенствената табела.

 

 

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО

МЗТ Скопје Уни Банка – Еуро Никел 2005  66:81

Работнички – Кожув        100:85

Ангели – Пелистер           88:142

ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром   82:90

Куманово 2009 – Феникс 2010            103:98

Гостивар – Навико Академија ФМП  64:70

ТАБЕЛА: Пелистер 18, МЗТ Скопје Аеродром 17. Работнички 15, Навико Академија ФМП 15, Гостивар 14, ТФТ 14, Еуро Никел 2005 13, Кожув 13, Феникс 13, Куманово 11, МЗТ Скопје Уни Бнка 10, Ангели 9;  

ИДНО КОЛО (11.12)

Еуро Никел 2005 - Работнички

Пелистер – Гостивар

Куманово 2009 – МЗТ Скопје Уни Банка

Феникс 2010 – МЗТ Скопје Аеродром

Навико Академија ФМП – ТФТ

Кожув - Ангели