Комплетнатз домашна прва петорка е „виновна“ за само втората победа на Куманово 2009 во девет одиграни кола. А прва по враќањето на Владимир Мирковски на клупата на кумановските „сино-бели’.
Куманово 2009 – Феникс 2010 103:98
Неверојатно ефикасно прво полувреме одиграа Куманово 2009 и Феникс 2010. Во првото полувреме двете екипи заедно реализираа дури 111 поени. Од нив, рекордни во сезоната, 60.поени, даде домашната екипа која беше во очекување да стави крај на серијата на поразителни игри и на резултати во првите осум кола од првенството кои и ги натераа да направат промена на првата тренерска позиција на која повторно, за кратко време, застана Владимир Мирковски.
Ненад Зивчевиќ го предводеше домашниот состав со 18.реализации. Го следеше Глигоријевиќ со 11, додека новакот во тимот, Абром имаше уште девет.
На спротивната страна парираше Двејн Морган стрелец на 18.поени по девет имаа Митревски и Хот, еден повеќе од Џонс.
Во исто темпо, ефикасно, се играше и во продолжението на натпреварот. Со забелешка дека во третиот период, гостите од Скопје анулираа половина од таа негатива.
По 30.одиграни минути резултатот беше (75:71).
Но новакот во прволигашката конкуренција сепак не успеа да направи целосен пресврт во последната, па Куманово 2009 се израдува на вториот триумф во сезоната.
Во голема мерка по заслуга на еден од најискусните во домашната екипа, Ненад Зивчевиќ кој освен 24.поени имаше и 8 скока. Но комплетно добро, особено во второто полувреме одиграа и другите стартери, па комплетната домашна прва петорка заврски со најмалку десет поени. Глигоријевиќ имаше 20, Николиќ 16, Абром 15, а Ѓукановиќ 14.поени.
На страната на Феникс 2010, Морган даде 24, Џонс еден поен помалку. Митревски финишираше со 18, Кларк со 12, а Хот со 11. поени.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО
МЗТ Скопје Уни Банка – Еуро Никел 2005 66:81
Работнички – Кожув 100:85
Ангели – Пелистер 88:142
ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром 82:90
Куманово 2009 – Феникс 2010 103:98
Гостивар – Навико Академија ФМП во тек