Успешно продолжение на победничката серија имаше вечерва екипата на МЗТ Скопје Аеродром. На гостувањето под „Кале“, се чини полесно од очекувањата, бранителот на титулата беше подобар противник од екипата на ТФТ. Стигна до својот осми триумф во девет одиграни кола со кои е на чекор до лидерот Пелистер кој има максимални девет победи.
ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром 82:90
Феноменално прво полувреме имаа гостите од Аеродром. Дваесет минути во кои обезбедија предност од 21.поен, (55:34). Особено расположен за игра беше капитенот Дамјан Стојановски, кој во тој дел од дербито во „Кале“ постигна 14.поени.
Во третиот дел од играта, „црно-белите“ го преполовија, стигнаа до минус 10 (56:66), пред Мекиќ, со звукот на сирената, за крај на третиот дел од играта, да погоди „од центарот“ за комфорни (69:56) на влезот во последната четвртина.
Период од играта во кој ТФТ се симна и на едноцифрен минус (64:73), но Робев и Милошевиќ го сопреа тој нов атак на ТФТ, за враќање на сигурната предност (77:65) на нешто повеќе од седум минути до крајот на дерби дуелот на ова 9. коло. Дојде ТФТ до уште пониски (69:77), но Стојановски со тројка (19.поен) го одби и тој обид за некаков резултатски пресврт.
По трет пат, домашната екипа намали уште еден поен од негативата, стигна до (76:84), кога останаа да се доиграат 2:17 минути до крајот. Но токму Стојановски со „два плус едне“ игра ги тргна дилемите окоу победикот. Постави (87:76) пред да почне последната минута од дуелот.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 9. КОЛО
МЗТ Скопје Уни Банка – Еуро Никел 2005 66:81
Работнички – Кожув 100:85
Ангели – Пелистер 88:142
ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром 82:90
Куманово 2009 – Феникс 2010 во тек
19.00: Гостивар – Навико Академија ФМП