Едно егал полувреме, првото, и очајно одиграно, второ полувреме за МЗТ Скопје на вторито меч од „меурот“ кој деновиве се игра во Бања Лука, а е дел од АБА 2 лигата.
Оние слабости кои момците од Аеродром ги „најавија“ на претходната средба, во која едвај беше совладан Хелиос, во 40.минути од дуелот со Слобода од Ужице сега излегоа на површина.
Особено тоа се однесува за второто полувреме во кое нашиот претставник остана без вистински одговор.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – СЛОБОДА УЖИЦЕ 67:81
МЗТ Скопје Аеродром се стекна со почетна предност. Имаа „сино-белите“ водство од (16:8), потоа и (18:10), но до истекот на првата четвртина загубија пет поени од водството.
По десет минути игра нашиот тим водеше со (18:15).
По нецели две минути од наредната, дојде до промена на водството. Екипата од Ужице се стекна со „минималец“ (19:18), а во наредните натпреварот се претвори во рамноправен. Ниту една од двете екипи не направи разлика поголема од шест поени. Така беше по тројката на Олуџоби (33:27), како што стоеше на семафорот во салата „Борик“ по 17.минути од дуелот.
Но со серија од 10. поени (примени три), екипата од Ужице успеа да ја анулира таа негатива, и да стигне до нов егал скор (37:37) со кој се замина на одмор.
Период од играта во кој одново блескаше Олуџоби, реализатор на 15.поени за тимот од Аеродром, капитенот Стојановски погоди две од четирите тимски тројки, а Гравет подели пет успешни додавања до соиграчите.
Во нецели три минути, Слобода направи серија од нви седум поени со кои поведоа со (47:40) и таа предност српскиот претставник упорно ја одржуваше. Идентична предност (53:47) имаа и по 25.минути од играта кога тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов беше приморан да побара тајм-аут.
Но без особен ефект, затоа што противникот креираше уште повисока предност. По 30.минути игра, негативата на „металците“ беше двоцифрена (49:62).
Со (5-0) тргна МЗТ Скопје во четвртината на одлука. Ја направија негативата едноцифрена (54:62). Но тоа беше и последниот напор на „сино-белите“ на овој натпревар по кој го запишаа вториот пораз во шестте одиграни.
А на третиот, и последен меч од турнирот во Бања Лука, МЗТ Скопје Аеродром ќе го одигра и дерби дуелот со лидерот на табелата, екипата на Студентски центар од Подгорица. Овој натпревар е закажан за 24.јануари (недела) од 21.часот.
Оттука тотално безвредни останаа ефектите на Гравет (24.поени, 7.асистенции и 6.скока) и Олуџоби (19.поени и 7.скока).