Трет пораз за скопските „црвено-бели“ во регионалното натпреварување во исто толку натпревари. Втор на домашен терен.
РАБОТНИЧКИ – БОСНА 74:99
Поранешниот европски шампион стигна до доста лесен триумф во СРЦ „Кале“. Од првата до последтаа минута доминираа сараевските „студенти“ против некогашниот македонски шампион. Играа, пред се, доста ефикасно гостинските кошаркари, констатно во три периоди од играта.
Макар што уште на истекот на првиот период веќе беа во солидно водство (25:16), кое до полувремето го „покачија“ на плус 22, (54:32).
Иако имаа голема предност, кошаркарите на Босна продолжија во исто темпо и по паузата. Одново имаа висока ефикасност во фазата на нападот, постигнаа 27.поени, за уште поголеми (81:51).
Една петорка на Босна заврши со десет или повеќе поени, додека во составот на Работнички, далеку најефикасен играч беше Полутак. Реализираше 27.поени, му недостасуваше еден скок за двоен ефект, а имаше и две додавања. Шошкиќ постигна 13.поени (имаше у седум асистенции), додека Јовичиќ реализираше 11. поени.
Во следното, 4. коло од групата „Б“ во АБА 2 лигата, Работнички патува за Сараево, каде на 5.ноември ќе го одигра вториот дуел со екипата на Босна, која по оваа победа во Скопје, има скор (2-1).