Домаќинот од Осијек и МЗТ Скопје Аеродром го затворија 4. коло од регионалното натпреварување. А македонскиот претставник имаше одлични 20. минути во второто полувреме во кое го „спуштија гардот“ на домашната екипа
ВРИЈЕДНОСНИЦЕ ОСИЈЕК – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 73:83
Двете екипи си поделија по едно полувреме. Тимот од Осијек, дебитант во ова натпреварување, го доби првото. По 20.минути од играта водеше со (43:37).
Но, по одморот екипата која важеше за фаворит, ако ништо барем поради искуството од играње вакви „регионални натпревари“ ја оправда улогата. Како течеа минутите, така „металците“ го кршеа отпорот на домаќините. Во оние офанзивни дејства предначеше американскиот двоец, Вер и Дејвис, а се чини во оној главен удар, добија сериозна „логистика“ од Милошевиќ, а на крајот и од капитенот Дамјан Стојановски.
Повеќе од доволно за максимален ефект од „балонот“ во Осијек, два меча-две победи кои го носат тимот од Аеродром, веднаш зад лидерот Борац од Бања Лука.
На крајот, Вер даде 22, Милошевиќ имаше еден помалку. Одличниот Дејвис финишираше со 18, а Стојановски со 10.поени во победничката екипа. Онаа домашната ќе мора да почека на прв успех во оваа конкуренција.