15.10.2024

Домашните одиграа одлични последни десет минути во кои направија пресврт и стигнаа до триумф (90:79)

АБА 2 ЛИГА: Една слаба четвртина го однесе Пелистер кон пораз во Подгорица

Три четвртини, добри, имаа кошаркарите на Пелистер на гостувањето во Подгорица, но тоа не беше доволно за да стигнат до победата во дуелот со истоимената екипа од главниот град на Црна Гора.

ПОДГОРИЦА – ПЕЛИСТЕР       90:79

Се функционираше како што треба за гостите од Битола на дуелот во Подгорица, освен онаа последна делница од играта. Десет минути во кои битолчани загубија се што градеа во претходните 30.

Извесно, долго ќе жалат „пелистерци“ за тоа што не стигнаа до „брејк“ односно победа на гостински терен во АБА 2 конкуренцијата со кој, евидетно, ќе беа многу блиску до пласман во онаа ТОП 8 фаза од регионалното натпреварување.

Добрата игра, стандардна, би се рекло, во три четвртини, не успеаја да ја оддржат во онаа последната, коај се покажа и како пресудна. Ја добија подгоричани со високи (27:10) и на крајот помалку и незаслужено, дојдоа и до победа изразена со двоцифрена разлика (90:79).

Иако без помошта на својот стартер на центарската позиција, Андрија Бојиќ, гостите од Битола имаа контрола во три четвртини од мечот, но комплетно застанаа во онаа последната.

Без голема вредност останаа оние 24.поени ( и осум скока), кои дојдоа од Едвардс, ниту пак ефектот на Мишковиќ од 12.поени и 9.скока, и оној на третиот странец во тимот на тренерот Александар Петровиќ, Антоан, кој дополни со десет поени.

По две одиграни кола битолчани се на половичен ефект (победа над Широки на домашен терен и пораз од Подгорица), а во третото коло од АБА 2 конкуренцијата  на 30.октомври, ќе одиграат уште еден меч на домашен терен, оној против екипата на Џокер од Сомбор.