Една лоша четвртина, третата, беше доволна за Пелистер да го запише и третиот пораз во регионалното натпреварување, по кој нашиот претставник е уште подалеку од пласман во ТОП 8 фазата од АБА 2 лигата.
ЏОКЕР – ПЕЛИСТЕР 93:84
Одличен „влез“ на гостувањето во Сомбор имаа кошаркарите на Пелистер. Играа, пред се, доста ефикасно, во првите десет минути стигнаа до бројка од 30.резализации. Освен тоа имаа постојано водство во целиот тек на првото полувреме кое и го реализираа во своја корист со резултат (53:49).
Одлично во тие 20.минути од играта, одигра бековскиот двоец Стајиќ-Антоан кој реализира половина од тие поени (искомбинираа 27).
Но се се распадна во играта на „пелистерци“ на почетокот на второто полувреме. Практично како да застанаа да играат избраниците на тренерот Александар Петровиќ. Џокер заигра во нивниот стил кој го имаа во првото полувреме. За една четвртина сомборци направија позитива од 18.поени (27-9), поведоа со големи (76:62), кои гостите од Битола не знаеја како да ги стигнат, па мораше да се помират со уште еден пораз, по кој сега се на скор (1-3).
Антоан резлизираше 18.поени, Мишковиќ имаше еден помалку (плус и десет скока), Костоски кој имаше свои минути во вториот дел, заврши со 16, додека по 12 уфрлија Едвардс и Стајиќ (сите во првото полувреме).
„Пелистерци“ ги чека уште едно гостување. Во рамките на 5. коло од натпреварите во групата „Ц“, на 5.декември ќе играат против екипата на Широки.