29.03.2021

Во плеј-аутот, Работнички ќе разигрува со словенечкиот Хелиос од Домжале

АБА 2 ЛИГА: Формирани двојките за четвртфиналето, МЗТ Скопје Аеродром против Младост од Земун

По зваршувањето на последниот меч од регуларниот дел, познати се и четвртфиналните двојки во АБА 2 лигата. Двете наши екипи, учесници во регионалното натпреварување, ги дознаа противниците во доигрувањето.

МЗТ Скопје Аеродром како освојувач на петтата позиција за противник во четвртфиналето го доби Младост од Земун.

Според системот за натпреварување, во плеј-офот ќе се играат два натпревари. А понатаму оди тимот кој вкупно ќе собере повеќе поени во тие два меча.

Екипата која ќе ја освои АБА 2 лигата оди директно во првата АБА лига, екипата која ќе загуби во финалето, ќе игра бараж за пополнување на друштвото на најдобрите екипи на Јадранот.

Најверојатно со екипата на Борац од Чачак.

Во плеј-аут натпреварите, екипата на Работнички ќе разгирува со екипата на Хелиос од Домжале, исто така во два натпревари. Победникот во овој двомеч обезбедува опстанок во ова друштво.  

Иако сеуште не е потврдено од страна на менаџментот на АБА лигата, плеј-офот во оваа конкуренција ќе почне на 12. или на 19.април, ќе се игра во Подгорица, а во договор со националните лиги.

АБА 2 ЛИГА

ДВОЈКИ – ПЛЕЈ-ОФ (ЧЕТВРТФИНАЛЕ)

(1) Студентски центар – (8) Слобода Ужице

(4) Младост Земун – (5) МЗТ Скопје Аеродром

(2) Спарс – (7) Златибор

(3) Борац Бања Лука – (6) Подгорица

ПЛЕЈ-АУТ

(11) Работнички – (14) Хелиос

(12) Ловќен – (13) Сутјеска