Македонскиот шампион испушти предност од шест поени во последната четвртина и на крајот, беше казнет, загуби од Хелиос од Домжале пред своите гледачи во СЦ „Јане Сандански“.
MЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ХЕЛИОС 70:72
Нецели три минути им требаа на кошаркарите на МЗТ Скопје да ја надополнат негативата од првото полувреме (30:34).
Направија серија од (8-3) доволна за македонскиот шампион да поведе, макар и со минимални (38:37).
И да најави доста поефикасна игра во второто полувреме.
Она првото беше доста „сиромашно“, минути во кои гостите од Словенија си поделија по 17.поени, и беа за нијанса подобри во тој офанзивен дел.
Во продолжението, Слај беше играчот кој го поведе домашниот тим кон многу поголема ефикасност, и беше основната „причина“ (веќе имаше 15.поени) што аеродромци имаа постојана предност навистина и не поголема од пет поени, како што беше во финалната минута од третиот дел од играта (53:48).
Сепак, по три одиграни четвртини „сино-белите“ имаа уште еден поен плус на своето конто, во онаа последната, влегоа со резултат (55:49).
Долго време „металците“ ја чуваа таа позитива. Но на две минути пред крајот, со серија од шест поени по ред, Хелиос успеа во обидите да направи пресврт, односно да поведе со (68:67).
Имаа гостите и повисоки (71:68), но Слај со својот 20 поен, ја сведе негативата на „пола кош“ (70:71). Во наредниот напад, Шпан беше половичен од линијата за слободни фрлања, за (72:70), и му даде последна шанса на нашиот тим. Не ја искористи Баковиќ, кој не погоди за победа на МЗТ Скопје.
Таа оди во Домжале, за Хелиос.
Со одлична офаанзивна роља само на Слај и Едвин (заедно искомбинираа 37.поен), МЗТ Скопје и тешко можеше да се надева на нешто повеќе на овој меч по кој сега се на половичне ефект, две победи и два порази
А двете екипи ќе играат меѓусебе и во следното, четвртто коло. На 5. ноември, во Домжале, домаќин ќе биде Хелиос.