Иако имаа предност и од 15. поени во текот на третата четвртина, тоа не беше доволно за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром да го совладаат словенечкиот Хелиос.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ХЕЛИОС 83:87
Екипата од Аеродром имаше контрола над играта, и особено над резултатот во три четвртини од премиерниот меч на турнирот во Златибор. Но тие лоши десет минути ги чинеа пораз во дуелот со екипата од Домжале.
Имаа сосема добар почеток, на истекот на првиот период водеа со (22:15), а таа разлика ја задржаа и до големиот одмор на кој„ сино-белите“ водеа и со нешто повисоки (41:33).
Словенечкиот претставник најави „враќање“ во третиот дел од играта, а комплетниот пресврт се случи во последната.
Уште еднаш во оваа сезона, Војдан Стојановски го предводеше својот тим. Реализираше 19.поени, имаше и четири асистенции и три скока, Танасковиќ имаше еден помалку, Ворку даде 15, а Крстевски уште десет поени.
По три одиграни мечеви во оваа конкуренција, „металците“ се во негативен скор (1-2), а во следното 4. коло, на 16. ноември (четврток) од 15.часот, ги чека натпреварот против екипата на Сутјеска која од клупата ја предводи поранешниот тренер на екипата од Аеродром, Драган Николиќ.
Инаку, вечерва (21.часот), својот прв меч во овој „балон“ на Златибор го игра екипата на ТФТ Моцарт, која за ривал го има младиот состав на Цедевита Јуниор.
А утре попладне, од 15.часот, нашиот трет претставник во АБА 2 лигата. Екипата на Пелистер ќе игра против новосадска Војводина.