17.11.2023

Во дуелот на две македонски екипи. битолчани имаа подобра завршница, и славеа против ТФТ Моцарт (83:79)

АБА 2 ЛИГА: И „пелистерци“ почувствуваа како е да се победи на Златибор

Во дуелот на две македонски екипи на турниот на Златибор, и натпревар со доста промени на водството, и егал ситуации, по 40.минути, победа за Пелистер во неизвесна завршница.

ПЕЛИСТЕР – ТФТ МОЦАРТ         83:79

ТФТ Моцарт започна многу подобро во однос на Пелистер. „Црно-белите“ беа први кои се стекнаа со предност, по десет минути беше (21:16).

Онаа наредната беше многу подобра за екипата од Битола, која одигра доста ефикасно. И во тој временски период направи комплетен пресврт. Имаше и водство, од (39:33), по 20.одиграни минути

Верц имаше свои мнути во третиот период од играта. Оној во кој неговата екипа, ТФТ Моцарт успеа да го анулира водството на Листер.

Во таа најеискфаса четвртина, која екипата од Скопје ја доби со солидни (29:20), уфрли 11. поени и беше најзаслужниот што во последната двете екипи влегоа со подеднакви шанси за успех.

Се чини како да дојде редот на „пелистерци“ со реализацијата. На почетокот на решавачкиот дел, во минута и пол, Пелистер направи (5-0) доволно за водство (64:59) и аларм во редовите на „црно-белите“; поточно тренерот Боро Смилковски.

Стигна неговата екипа до нов нерешен резултат (74:74), а по тројката на Николов и до водство (77:74), за нов тајм-аут, но на спротивната страна на теренот, го побара Дарко Радуловиќ, тренерот на Пелистер. И три минути за одлука околу победникот.

Но и добра реакција на „зелените“,  поточно на Мијовиќ, кој реализираше во следните два наврати (негов 16.поен), за промена на водството (79:77) на 2:10 минути до крајот. Костоски, со две слободни фрлања, го покачи водството на (81:78). А по добрата одбрана, „пелистерци“ се стекнаа со уште два обиди од линијата која вреди по еден поен.

Планиниќ, за разлика од неко претходни обиди, беше прецизен, макар и половично за (82:78). Сосема доволно за потврда на победата, прва за Пелистер на собирот на Златибор.

Јуре Планиниќ беше и најефикасниот играч кај Пелистер. Реализираше 23.поени, но имаше и 14 скока, и пет асистенции, за одличен индекс-34. Бернард дополни со 13 поени, Костоски имаше 11.

Кај ТФТ Моцарт, Ташовски застана на 21 поен, најголем дел од нив во три четвртини од играта, Верц дојде до 14, скоро сите во второто полувреме, Николов имаше 11, а Симонс уште 10. поени.

Инаку, во сабота, од 12.часот, МЗТ Скопје Аеродром ќе ја бара втората победа на овој турнир во дуелот со бањалучки Борац.