По шест одиграни натпревари во регионалното натпреварување, екипата на МЗТ Скопје Аеродром има ефект од четири победи и два порази. На првиот меч од „балонот“ во Широки, аеродромци имаа и предност од 14.поени. Но дозволија противникот да дојде до егал резултат. Но кога беше најтешко, Војдан Стојановски, со пет поени по ред, го поведе својот тим кон нова победа во АБА 2 лигата
ПОДГОРИЦА – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 74:78
Кошаркарите од Подгорица подобро го започнаа дуелот во салата „Пецара“. Имаа прендост од (21:15).
На македонскиот шампион имаше одговор, кој резултираше со промена на водство. Со серија од осум поени, три до крајот на првиот период, и уште пет во вториот (сите на Расел), МЗТ Скопје поведе со (23:21).
Но не успеаа „сино-белите“ да обезбедат и некоја повисока предност во тој прв дел од играта.
По поените на В. Стојановски, нашиот претставник водеше со минимални (30:29). Токму репрезентативниот капитен, заедно со Танасковиќ, беа и иницијатори на серијата од девет поени, за двоцифрено водство (39:29) на полувремето. Двајцата имаа по десет реализации.
МЗТ Скопје успеа да ја одбрани таа позитива во оној трет период. Имаше екипата од Аеродром исто така, високо водство, највисокото од 14. поени (52:38), во средишниот дел од тој квотер. Но во онаа „втора половина“ подгоричани успеаја да симнат добар дел од таа висока негатива. И по 30.минути игра, МЗТ Скопје Аеродром водеше „само“ со (57:51).
На четири минути пред крајот, Подгорица стигна дури и до израмнување (68:68), по што овој натпревар влезе во оние од категоријата неизвесни. Но, МЗТ Скопје го има Војдан Стојановски. Во свој стил, кога беше најтешко, прво погоди за враќање на водството, потоа и тројка, за плус пет, (73:68). Разлика која противникот веќе не можеше да ја стигне во оние преостанати 78 секунди.
Заврши со 24. поени, шест асистенции и два скока. Танасковиќ имаше исто така одличен, дабл-дабл, ефект изразен со 20.поени, 12.скока и по две асистенции и освоени топки. Третиот играч кој имаше сериозно „влијание“ во овој четвртти успех на „металците“ во шест одиграни кола, имаше Расел, стрелец на 16.поени, дополнети со пет скока и три асистенции.
Инаку, вечерва, од 21.часот, екипата на Пелистер ќе го одигра својот меч од 7. коло од АБА 2 лигата, во кој за противник ја има екипата на Цедевита Јуниор.