Со одлична посленда четвртина која ја решија во своја корист со (25-8), „аеродромци“ направија огромен пресврт, го победија лидерот Борац од Бања Лука, и по 12 одиграни кола, со скор (10-2) се први на табелата во пресрет на последното коло во кое, во недела, ги чека дуел против екипата на Златибор.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – БОРАЦ 80:73
Лидерот на табелата одигра подобро во првата четвртина. Екипата од Бања Лука која ја предводи нам добро познатиот тренер, Драган Николиќ обезбеди сосема солидно водство (22:15). Иако постојано притискаа, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром не успеаја во тие обиди да ја достигнат таа предност на противникот.
И на одморот заминаа со пет поени негатива (34:39).
Во ист стил продолжи дерби дуелот, веројатно и на целата АБА 2 лига во оној регуларен дел. Екипата од Бања Лука играше подобар кошарка, доволно за да премине и во двоцифрено водство. По три одиграни периоди беше (65:55) за екипата која е лидер во АБА 2 лигата.
Но работите се сменија, и тоа тотално во корист на екипата од Аеродром, во онаа последна четвртина. Имаа одлични (16:5) во првите пет минути од четвртината на одлуката „сино-белите“. Доволно и за да преземат водството на мечот во салата „Пецара“, (71:70).

Војдан Стојановски ја продолжи својата серија на поени, и му донесе уште повисока предност на МЗТ Скопје (75:70). А по реализацијата на Рикиќ за (77:70) на 1:50 минута до крајот, Николиќ реагираше со нов тајм-аут. Безуспешно, затоа што нашиот претставник најде решенија да ги одбрани сите напади на екипата од Бања Лука, и по 12. одиграни кола, конечно да дојде на лидерската позиција во регионалното натпреварување.
Ги донесе Војдан Стојановски, кој го одигра веројатно и најдобриот меч по враќањето на теренот, и како играч на МЗТ Скопје Аеродром. Капитенот на нашиот национален тим реализираше 25. поени, имаше и шест скока, но имаше и одлична логистика која дојде, пред се, од Рикиќ кој додаде 17, а Мекиќ уште 11. поени.

Утре, од 12. часот, вториот на претставник во оваа конкуренција, битолски Пелистер, го игра псоледнито меч во регуларнито дел од сезоната против екипата на Спарс од Сараево.