Нема да го паметат по добро првиот меч во нивната историја одигран во регионалното натпреварување кошаркарите, но и сите други на кои омилен клуб им е Пелистер.
Ловќен од Цетиње беше првата прешка на која „паднаа“ битолчани во АБА 2 лигата.
ЛОВЌЕН – ПЕЛИСТЕР 108:85
Ловќен беше екипата која подобро го отвори овој меч, прв за Пелистер во неговата историја во ова натпреварување.
Екипата од Цетиње поведе со (9-2), но битолчани брзо се вратија во егал (9:9), на средината на првиот период. Црногорскиот претставник уште еднаш се одвои на (20:13), за таа прва четвртина ја реши во своја корист со (22:19).
По поените на Стајиќ, Пелистер стигна до нов нерешен скор (24:24). А веќе во 12.минута, Малешевиќ донесе водство за „зелените“ (27:25). Но за кратко, затоа што уследи нова серија на Ловќен, по која одново се одвоија на плус 7 (43:36).
Тројката на искусниот Караџовски ги врати „пелистерци“ на (42:46), а првото полувреме беше затворено со мини-серија од шест поени (за нецели 50.секунди) на Црногорците, за највисоко водство (52:42).
Игор Кесар беше најрасположен играч на екипата од Битола. Реализираше 15.поени, по седум имаа Стајиќ и Малешевиќ.
Уште послабо одиграа „зелено-белите“ во продолжението од нивниот деби-настап на „балонот“ на Златибор,
Особено лошо делуваа во одбраната избраниците на тренерот Марјан Илиевски, која и не им даде нешто повеќе во играта и желбите да се дојде до поволен исход.
За два дена ќе ја имаат втората шанса да дојдат до „сефте“ во оваа конкуренција. Пред себе, во петок, од 18.часот ќе ја имаат уште една црногорска екипа, Сутјеска од Никшиќ.