Отворањето на новото издание на АБА 2 лигата ќе биде на 17. октомври, на добро позната локација – Златибор.
А ждрепката на натпревaрувачките броеви одлучи на српската планинска убавица уште во првото коло да го видиме дуелот на двата македонски претставници во ова натпреварувaње – Пелистер и ТФТ.
Средбата е закажана за првата вечер од новата сезона во второто, според квалитет, јадранско натпреварување, а стартува од 21.часот.
За разлика од последните сезони на првиот собир на Златибор (од пет планирани во текот на регуларниот дел) ќе бидат одиграни само две рунди од планираните 13.
Во втората, дебитантот во оваа конкуренција, екипата на ТФТ, на 19. октомври (од 18.часот), ќе ги одмери силите со црногорска Сутјеска, а три часа подоцна (21 часот) битолски Пелистер ќе игра против словенечкиот Шентјур, кој исто така е нов учесник во оваа конкуренција.