Три четвртини Пелистер имаше се во своите раце, И во онаа последната водство од 12. поени. Но на крајот, тоа не беше доволно и за победа, и плас,на во првата „осумка“ од ова регионално натпреварување.
ПОДГОРИЦА – ПЕЛИСТЕР 86:81
Добро прво полувреме, уште подобра трета четвртина, одличен почеток на последната. А потоа едно големо „запирање“ имаа кошаркарите на Пелистер во дуелот со црногорскиот претставник.
Се им одеше во пролог на „зелено-бнелите“ во мечот во кој влогот беше пласман во најдобрите осум екипи во оваа сезона од АБА 2 лигата.
Андреј Маслинко, со ретко виден погодок, со шут, скоро од својот рекет, со звукот на сирената, му донесе предност на својот тим, од осум поени, (66:58).
А по поените на Планиниќ и Најт, на почетокот на четвртиот период, Пелистер имаше и највисоки (70:58).
Следуваше неверојатна серија на подгоричани. Ги донесе до потполн пресврт, дури и преминување во водство, од (79:75) на нецели четири минути пред крајот.
Парцијално, Подгорица направи (21-9) во тој период од натпреварот во „Пецара“.
Серијата ја прекина Планиниќ за (79:77), а од истот оместо, линијата за слободни фрлања, донесе и нерешен резултат (797:9) и „влез“ во неизвесна завршница во последните 90 секунди од играта.
Кљајевиќ погоди многу важна тројка за екипата од главниот град на Црна Гора, за нова нивна предност, од (82:79), Во наредниот напад, Костоски направи лична грешка во напад, Ѓукановиќ зголеми и на (84:79) на нецели 40 секунди пред крајот.
Надежта за нов пресврт ја донесе Планиниќ, за (81:84), но и одличната одбрана, по тајм -аутот на „домашната“ екипа. Но лошо го избедоа нападот кој можеше да ги одведе во продолжение од пет минути, па победата припаѓа на подгоричани.
Својата одлична игра Андреј Малсинко не ја заокружи и со победа. На 24. поени, репрезентативното крило додаде и 10 скока, Планиниќ имаше уште 19.поени и 6.скока, додека пак Најт заврши со 13 реализации и 5.асистенции.
Последната шанса за место во првата „осумка“ битолчани ќе ја имаат во сабота на пладне, кога ги чека дуелот со лидерот на табелата – екипата на Спартак од Суботица.
Нешто подоцна, од 21. часот, екипата на ТФТ Моцарт ќе игра против новосадска Војводина, додека својот меч од ова претпоследно, 12. коло, екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе го одигра во петок, од 15.часот, против Златибор, лидерот во оваа конкуренција.