Адем Мекиќ е новиот херој на МЗТ Скопје Аеродром. Репрезентативниот бек погоди во вистинско време, изгубеното го претвори во добитна комбинација за својот тим. За скор (7-2) во регионалното натпреварување
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ПОДГОРИЦА 76:75
Изедначено беше првото полувреме во Бања Лука во дуелот на МЗТ Скопје Аеродром и Подгорица. Скопските „сино-бели“ беа подобар противник во првата четвртина, која и ја добија со (23:18), Подгорица возврати во продолжението од играта. Беа подобри Црногорците во втората четвртина во која и се стекнаа со минимална предност (42:41).
Она што можеше да го радува тренерот Дарко Радуловиќ, е појавувањето на Војдан Стојановски, кој со 11. реализации (3/4 за три поени) ја превзема водечката поентерска улога во тимот од Аеродром во тоа прво полувреме во кое Милошевиќ дојде од девет реализации.
Израмнето се играше и во третиот дел од играта. Минути во кои ниту една од двете екипи не направи сериозна предност. Подгорица имаше плус од два поени (62:60), на влезот во решавачката.
Подобро тргна тимот од Подгорица. Со мини-серија од (5-2) се стекна со уште повисоки (67:62). Но по тројката на новакот Кари, во 35.минута, „металците“ стигнаа до изедначување (69?69). Последните пет минути се претворија во драматични. Три минути подоцна, Мекиќ погоди многу важна тројка, за да намали на (72:73).
Подгорица одговори со слободните фрлања кои успешно ги реализираше Чарапиќ (75:72). Брзо врати Рикиќ, за (74:75). Но Чарапиќ им даде шанса на нашите кошаркари. Не погоди ниту еднаш од линијата за слободни фрлања. Ја искористи Адем Мекиќ, на нецели две секунди пред крајот, положи за голем триумф, седми за аеродромци во девет одиграни кола од АБА 2 конкуренцијата
Во петок, во ран термин од 12. часот, својот трет и последен меч од престојот во Бања Лука ќе го играат кошаркарите на Пелистер. Противник ќе им биде токму екипата од главниот град на Црна Гора.