Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром обезбедија пласман во полуфиналето од завршниот турнир на АБА 2 лигата кој денеска стартуваше во салата на СЦ „Јане Сандански“ Скопје.
Макар и потешко од очекуваното, „металците“ славеа победа над стариот должник, од регуларниот дел од сезоната, екипата на Сутјеска од Никшиќ
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – СУТЈЕСКА 73:68
Гостите од Никшиќ имаа подобар старт во овој четвртфинален меч. Рано се стекнаа со солидно водство (13:8). Но откако освен Војдан Стојановски почна да реализира Рикиќ, потоа и Николов, односно Дамјан Стојановски, домашниот тим успеа со серија од осум поени да го преземе водството.
И на истекот на 7. минута, да поведе со (16:13), а по тојката на Мекиќ имаше уште повисоки (19:14).
Неговиот втор по ред точен шут за три поени, го остави МЗТ Скопје Аеродром во водство по десет минути, на семафорот стоеше (22:19).
Двете реализирани слободни фрлања на В.Стојановски ја донесоа и највисоката позитива за „аеродромци“. Во 15 минута имаа (31:24), доволен знак за тренерот на Сутјеска да го потроши и вториот тајм-аут. Доволно гостинскиот тим да се приближи на (32:34), но во вистинско време, стигна нова тројка на Николов за (37:32).
А репрезентативниот бек продолжи со поентирањето, со својот 12. поен, донесе уште повисоки (40:32), кои со тројка ги намали Захирагиќ, за (40:35) на големиот одмор.
Само на моменти квалитетно се играше на двете страни и во второто полувреме. Со забелешка дека МЗТ Скопје Аеродром, тешко го чуваше исто така тешко стеченото водство. А по поентирањето на Д. Стојановски, домаќините беа најблиску до двоцифрена предност.
Поведоа со (48:39) по 25. минути од играта.
Не помогна ниту новата минута одмор на гостинскиот тренер. МЗТ Скопје Аеродром влезе во серија која ги донесе до уште повисока позитива (53:40). Но се чини дека уште полесно „потрошија“ дел од тоа високо водство. Црногорскиот претставник направи одлични (10-0) со кои се врати во мечот (50:53) на 81. секунда пред истекот на третата четвртина.
А истиот резултат остана и по 30.минути.
Инаку, по одигрувањето на првите четвртфинални натпревари позната е и првата полуфинална двојка на завршниот турнир во Скопје.
За место во финалето, (во петок навечер), се изборија екипите на Борац од Бања Лука и на Златибор.
Борац беше за еден поен подобар во дуелот со Младост од Земун (80:79), додека пак во исто така драматичен меч, Златибор со минимални (84:82) го совлада словенечкиот Хелиос.
Од 21. часот на паркетот во големата сала на СЦ „Јане Сандански“ ќе истрчаат кошаркарите на Широки и на Спарс.