16.11.2023

МЗТ Скопје Аеродром дојде до првиот триумф на турнирот во Златибор (93:64)

АБА 2 ЛИГА: „Металците“ полесно од очекувањата поминаа преку Сутјеска

Можеби и најдобрите петнаесетина одиграни минути во овој прв дел од сезоната воопшто, го донесоа македонскиот шампион до сигурен триумф во дуелот со екипата на Сутјеска. За МЗТ Скопје Аеродром прв за време на „балонот“ кој се одржува оваа седмица на Златибор. 

СУТЈЕСКА – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 64:93

Војдан Стојановски, со пет поени по ред, се воведе одлично во мечот со Сутјеска. Најава за добра игра и на МЗТ Скопје Аеродром, кој брзо се стекна со сосема солидна предност (12:4), а нешто подоцна, „сино-белите“ имаа и (17:10). Во таа прва четвртина, македонскиот шампион имаше и максимални (23:12), па и (25:14), кога поентираше и резервистот Андоноски.

Но тоа не беше се од „металците“ во таа одлична четвртина заштоа што тројка реализира капитенот Дамјан Стојановски (четвртта тимска, од пет обиди), за двојно поголеми (28:14).

Во исто темпо продолжи МЗТ Скопје Аеродром. За 90 секунди во втората четвртина, направи серија (7-1) за плус 20 (35:15). Серијата на нашиот тим траше и до уште повисоки, скоро и неверојатни, (41:17).

А најизедначено се играше во третиот период. Оно во кој екипата од Никшиќ, која сега ја предводи некогашниот шеф на струката на „сино-белите“ од Аеродром, Драган Николиќ, одржа егал и резултатски. Дури и имаше еден поен плус екипата од Црна Гора.

Но „на важност“ беша убедливата предност која нашиот претставник ја направи до полувремето, МЗТ Скопје имаше сигурни (67:50).

Освен В. Стојановски, до двоцифрен број на реализации стигнаа и Танасковиќ и Ворку, потоа и Крстевски, а свои минути имаа во третата четвртина имаа Робев, но и младиот Петковски.

Како почнаа, така и кошаркарите во „сино-бела“ комбинација го завршија овој натпревар. Видно мотивирано одиграа и во последните десет минути. На стартот од четврттиот период направија нова голема серија, сега од (15-1) со која отидоа и на најубедливи (82:51), како потвдс на највисокиот триумф во оваа сезона од АБА 2 лигата во која се вратија по една година играње во онаа најквалитетно регионално натпреварување.

Според распоредот на натпреварите од 4. коло на АБА 2 лигата, на 17.ноември (петок), од 18.часот, следува дуелот на две македонски екипи, ТФТ Моцарт-Пелистер.