Веројатно и тие не очекуваа така лесна, и убедлива победа против еден жилав противник каков што секогаш, барем досега, се претставувал Ловќен.
Но во веројатно својот најдобар меч во досегашните девет кола од регионалното натпреварување, кошаркарите на МЗТ Скопје не само што победија убедливо, туку испратија порака дека се подготвени да играат во плеј-офот,. Секако и повеќе од тоа, да стигнат до финалната серија која носи промоција во повисокиот ранг на натпреварување на Јадранот.
ЛОВЌЕН – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 55:96
Многу добар почеток имаа „аеродромци“. Предводени од центарскиот тандем Олуџоби-Бојиќ, брзо воспоставија резултатска и играчка предност.
Одлично функционираше шутот од далечина на нашиот претставник од самиот почеток. Тоа беше видливо и на резултатот (24:11) беше на истекот на првата четвртина за МЗТ Скопје Аеродром.
Но тука „сино-белите“ не застанаа. Навистина, со неколку точни удари од далечина (тројки на Ѓукановиќ) кошаркарите на Ловќен симнаа дел од негативата, но не и на едноцифрена.
„Металците“ не го дозволија тоа. Напротив, По 18.минути игра во првото полувреме, предноста дури и ја зголемија (44:26), а тие 20.минути, веројатно нивните најдобри во трите „балони“, со тројка, ја заклучи Гравет, за повеќе од убедливи (49:31).
Особено битен момент, освен високото водство беше и фактот дека дури деветмина кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром го пронајдоа патот до кошот на противникот.
Секако, покрај оној основниот, кој вели дека погодуваа со 68.2% на успешност во обидите за два и нешто пониски 66.7% за три поени.
По нешто помалку од четири минути игра во продолжението, МЗТ Скопје Аеродром дојде и до највисоките, 24.поени позитива (60:36).
А Гравет и Бојиќ први ја надминаа двоцифрената бројка на дадени поени.
Стигна нашата екипа и до парцијални (17-5) во шест минути, но и до неверојатен плус од 30.поени (66:36), кој до истекот на третиот период капитенот Стојановски со неколку тројки во серија го „надгради“ на уште повисок (77:43).
И повеќе од доволен за шеста победа на МЗТ Скопје Аеродром во девет одиграни кола.
Во наредното, кое е на програмата на 7. март (недела), од 16.часот, „сино-белите“ ги чека последниот меч од „балонот“ во Сараево, противник им е екипата на Младост од Земун.
Денеска, од 16.часот, екипата на Работнички го игра мечот од ова деветто коло од АБА 2 конкуренцијата. А за ривал е уште една екипа од Црна Гора, Сутјеска од Никшиќ.