По далеку од идеалното прво полувреме, поточно лошо одограната втора четвртина, македонскиот шампион направи вистионски играчки и резултатски „камбек“ во второто полувреме од вториот четвртфинален натпревар од АБА 2 плеј-офот. Загуби со минимален резултат, но дозволен за премин во онаа полуфинална фаза.
ШИРОКИ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 70:68
На почетокот на втората четвртина, домашната екипа направи серија од (9-2) за првото посериозно одвојување на средбата во „Пецара“ (27:18).
Само шест поени во осми минути од втората четвртина имаше македонскиот шампион. А екипата на Широки го искористи тоа да направи (16-6), и да поведе со уште повисоки (34:22).
Слично беше и на крајот на првото полувреме, МЗТ Скопје Аеродром имаше висока негатива (28:39).
По две и пол минути од третата четвртина, екипата од Скопје „врза“ шест поени, и се симна“ на негатива од само пет поени (34:39).
А по поените на В. Стојановски, а веднаш потоа и тројката на Робев, таа негатива беше уште помала (50:53), кога се играше последната минута од тој период.
Или период на „враќање“ на МЗТ Скопје назад во игра, дури и за победа. Затоа што нашиот претставник дури и поведе откако ги реализираше последните два напади од третата четвртина (54:53).
Во онаа последната, на теренот се некако делуваше рамноправно. „Металците“ се задоволија со фактот дека се блиску до полуфиналето. Не доволија ново резултатско „отскокнување“, и помалку рутинерски го заврпија ова „второ полувреме“ по кое имаат поголеми причини за радост.
Обезбедија пласман во полуфиналето на плеј-офот, каде за противник го имаат Спартак.
Екипата од Суботица заврши како првопласирана во регуларниот дел, а во четвртфиналето, беше два пати подобра од словенечкиот Хелиос (побед ана гости од 84:71 и 79:68 на домашен терен).
Првиот полуфинален меч од оваа серија ќе се игра на 24.април, во Скопје.
А на оваа во Широки, Делалиќ го предводеше нашиот тим со 18.реализации. По 13 имаа браќата Војдан и Дамјан Стојановски, додека десет поени дојдоа од Баковиќ.
Во другата полуфинална серија пак ќе разигруваат екипите на Војводина и на Подгорица.