Во обидот да се врати во АБА лигата, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе мора да одиграат уште еден турнир од АБА 2 лигата. Петтиот по ред „балон“ во оваа сезона ќе биде реализиран во Подгорица, каде во улога на домаќин, менаџментот на регионалното натпреварување одлучи тоа да биде Студентски центар, лидерската екипа во регуларниот дел.
Последниот турнир ќе се одвива во периодот од 19.до 26.април, на кој осумте екипи-четвртфиналисти ќе се борат за првите две позиции кои водат во елитната јадранска конкуренција.
„Поради актуелната пандемија предизвикана од вирусот Ковид-19, која услови екипите во лигашкиот дел да не настапуваат во најсилните состави, како и фактот дека некои од екипите не беа во можност да се појават на еден од четирите турнири во актуелната сезона, се откажува Плеј-аутот.
Со самото тоа, сите екипи кои настапувале во АБА 2лигата во сезоната 2020/2021 ќе имаат право на учество во сезоната 2021/2022, доколку тоа право го стекнат преку националниот шмпионат или со доделување на специјална покана“- се вели во одлуката на менаџментот на АБА 2 лигата.
Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе ги почне четвртфиналните мечеви, на 20.април, а за противник во првиот елиминациски круг ја има екипата на Младост од Земун.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА ФИНАЛНИОТ ТУРНИР ВО ПОДГОРИЦА
ЧЕТВРТФИНАЛЕ 1.ДЕН (19.АПРИЛ)
Борац Бања Лука (3) – Подгорица (6)
Спарс Сараево (2) – Златибор (7)
ЧЕТВРТФИНАЛЕ – 2.ДЕН (20.АПРИЛ)
Младост Земун (4) – МЗТ Скопје Аеродром (5)
Студентски центар (1) – Слобода Уќица (8)
ЧЕТВРТФИНАЛЕ-3.ДЕН (21.АПРИЛ)
Подгорица (6) – Борац Бања Лука (3)
Златибор (7) – Спарс Сараево (2)
ЧЕТВРТФИНАЛЕ-4.ДЕН (22АПРИЛ)
МЗТ Скопје Аеродром (5) – Младост Земун (4)
Слобода Ужице (8) – Студентски центар (1)
ПОЛУФИНАЛЕ – 1.ДЕН (23.АПРИЛ)
Победник 1 – Победник 2
ПОЛУФИНАЛЕ – 2. ДЕН (24.АПРИЛ)
Победник 3 – Победник 4
ПОЛУФИНАЛЕ 3. ДЕН (25.АПРИЛ)
Победник 2 – Победник 1
ПОУФИНАЛЕ – 4. ДЕН (26.АПРИЛ)
Победник 4 – Победник 3
ФИНАЛЕ
4.МАЈ: ПРВ НАТПРЕВАР
6.МАЈ: ВТОР НАТПРЕВАР