МЗТ Скопје не му се реваншираше на Хелиос во „двомечот“ од групата „А“ во АБА 2 лигата. „Металците“ загубија со минимални (67:68) на гостински терен во Домжале, па сега се на скор (1-3), кој не им гарантира многу работи поврзани со играње во следната фаза од оваа регионална конкуренција.
ХЕЛИОС – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 68:67
Очајни десет минути одиграа „сино-белите“ на ова гостување. Му дозволија на противникот да се стекне со висока позитива. По релативно изедначената прва четвртина, во втората Хелиос дојде до двоцифрен вишок, кој до полувремето изнесуваше високи (39:26).
Но имаа многу подобро отворање на второто поливреме во кое за неполни четири минути успеаја да дојдат и до нерешен резултат (39:39). Но тој моментум не успеаја да го претворат во свое водство. Постојано им недостасуваше тој последен чекор за пресврт на играчите на македонскиот првак, на овој меч кој може да се покаже и како клучен за нивната судбина во ова прва група фаза од регионалното натпреварување.
Тоа им појде од рака во првите минути од четвртиот период кога поентерски расположениот Слај постави плус 4 (55:51) за нашиот претставник, а нешто потоа, во 34.минута, по неговата тројка беше и (58:54) за МЗТ Скопје.
Скопјани водеа и на 1:46 минута пред крајот (67:64), кога дојде нова тројка на Едвин, вториот и последен двоцифрен играч во нашата екипа. Но останаа на таа бројка на реализации во тие неполни две минути.
Последната шанса, односно напад, не ги искористија, прво Баковиќ, а потоа и Слај чие положување го блокирашпе најдобриот поединец на Хелиос, Кнежевиќ, па на македонскиот шампион сега ќе му биде потребно „мало чудо“ за да ја прескокне оваа прва рунда во последните два натпревари.
Две задолжителни победи, дома со Цедевита Јуниор и на гостуиваењето кое следи, но и пораз на директниот конкурент, во овој случај екипата од Загреб.
Во петтото натпреваруувачко коло од оваа „А“ група, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ги очекува уште едно гостување. На 4. декември, патуваат за Тиват, каде ќе играат против екипата на Теодо.