МЗТ Скопје Аеродром и Работнички го одиграа својот прв, би се рекло и историски натпревар, надвор од границите на нашата земја.
Беа дел од 8. коло од АБА 2 лигата, составен дел од „балонот“ кој го организира менаџментот на ова регионално натреварување, кој деновиве се игра во Сараево.
А во главниот град на БиХ, на крајот, победата ја однесе екипата која има далеку поголемо искуство од играње во оваа и доста повисоа конкуренција – МЗТ Скопје Аеродром.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – РАБОТНИЧКИ 84:82
Чекор понапред во однос на плановите е МЗТ Скопје Аеродром, кој имаше нешто подобар финиш во однос на својот вечен конкурент во домашниот шампионат, а од оваа година и во јадранската конкуренција.
Еден поназад пак се „црвено-белите“, кои видно засилени, со неколку нови играчи, беа „во игра“ до последната минута од играта. Дури и испуштија убава прилика за триумф со кој ќе можеа „помирно“ да им се префрлат на следните свои обврски во регионалната лига.
„Црвено-белите“ ја добија уводната четвртина со (21:17), но МЗТ Скопје Аерором ја превзема контролата над играта и над резучтатот во втората. На полувремето тимот од Аеродром имаше предност од (41:34).
Но во добар дел ја загубија во третиот период во играта. Во последниот дел, двете екипи влегоа скоро израмнето (63:61) во корист на „сино-белите“ од Аеродром.
А во исклучително драматичниот финиш во кој Работнички имаше огромна шанса да дојде до победата, но испушти предност од четири поени разлика, а потоа загуби уште неколку топки во клучните напади.
Сето тоа, заедно со лошата одбрана во важните моменти пресудија МЗТ Скопје да дојде до триумфот. Во последните две минути аеродромци направија серија од 8-0 со која и победија.
За скор од пет победи и три порази и делба на позицијата број 2 на табелата на која Работнички падна на (2-6).
Во следното, деветто коло, кое се игра на 5.март (петок), од 12.часот, МЗТ Скопје Аеродром ќе игра со Ловќен 1947, додека четири часа подоцна, од 16.часот, Работнички ќе игра со Сутјеска.