МЗТ Скопје Аеродром го совлада Теодо на гостински терен во Тиват, но тоа нема да биде доволно за македонскиот шампион да остане во игра за пласман на позиција која води во следната, ТОП 8 фаза од АБА 2 лигата.
Неколку часа порано, нивниот конкурент, Цедевита Јуниор изненадувачки победи на гости кај Хелиос (80:78), и дојде до недостижна предност во пресрет на последниот круг од натпреварите во оваа групна фаза.
ТЕОДО – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 65:70
Неверојатно добар старт имаше македонскиот шампионат на натпреварот во Тиват. За неполни осум минути од играта „сино-белите“ се стекнаа со големи, со огромни (24:3), за тој феноменален почеток да го заокружат со повисоки (30:7).
Но тоа беа и најдобрите моменти во играта на МЗТ Скопје. Откако, веројатно, ја примија информацијата дека Цедевита Јуниор го победи Хелиос во Домжале, се чини дека нагло падна и мотивацијата во играта на аеродромци.
До истекот на првото полувреме Теодо симна добар дел од големата негатива. И на одмор се замина со резултат (45:35) во корист на МЗТ Скопје Аеродром.
Во третиот дел од играта, нашиот тим загуби уште поголем дел од предноста. Дозволи домаќините да се „симнат“ и на едноцифрена негатива (53:46), во пресрет на последните 10.минути.
Со серијата од (10-4) во пет минути од последниот период, Теодо дури премина и во водство (57:56). Но капотенот на „сино-белите“. Дамјан Стојановски, со помош на Малсинко, го врати водството (63:59). Слај зголеми на (67:61) кога останаа да се доиграат 1:23 минути, а победата, макар и пирова, ја потврди Баковиќ.
Токму Баковиќ беше прв поентер во гостинскиот тим, реализираше 14.поени, колку што даде и Слај. Дамјан Стојановски заврши со 12, но поголем дел од нив во минутите на одлука, додека Едвин додаде уште 11.поени за составот од Скопје.
А во последното шестто коло, на 19.декември, „зелено-белите“ ќе играат пред својата публика во салата „Јане Сандански“ кога за противник ќе ја имаат екипата на Цедевита Јуниор, која по вечерашната победа на гостувањето во Домжале против Хелиос, има недостижни (4-1) за нашиот претставник.