Во домот на легендарниот „Дражен Петровиќ“ во Загреб, требаше да се одигра и продолжение за Цедевита Јуниор и МЗТ Скопје Аеродром одлучат која е подобра екипа во овој момент. Домашната екипа имаше подобра завршница во дополнителните пет минути, и со голем пресврт во кој надополни 16 поени во второто полувреме му се радуваше на првиот триумф во новото издание на АБА 2 лигата
ЦЕДЕВИТА ЈУНИОР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 77:75
Гостите од Скопје го контролираа резултатот и играта пред се, во првото полувреме. Се стекнаа „сино-белите“ и со двоцифрено воство (46:36) на полувремето.
Во исто темпо продолжи македонскиот шампион и во третата четвртина. Дојдоа „металците“ и до највисоки 16.поени позитива (52:36) по нецели две минути игра од третиот период.
И наместо да продолжат во таа насока, играта на екипата од Аеродром тргна во некоја надолна линија. „Портокаловите“ симнаа голем дел од таа висока негатива. До истекот на третата четвртина водството на МЗТ Скопје изнесуваше само шест поени (53:59).
Тој празен чекор на нашиот претставник во регионалното натпреварување продолжи и во четвртината број четири. Дојде Цедевита Јуниор и на само еден посед заостанување (58:61) кога се играше 33 минута.
Знак за тренерот Васко Атанасов да побара тајм-аут.
На почетокот на последната минута, домаќините дури и поведоа, минимално, се разбира (68:67). Едвин имаше шанса да донесе водство, можеби и победа. Но беше половичен од линијата за слободни фрлања, и постави егал скор (68:68).
На нецели 30.секунди до крајот, двете екипи имаа по една шанса, не ја искористија, а Слај не погоди на секунда пред крајот, па се играше продолжение од пет минути.
Во екстра периодот, екипата од Загреб тргна со две тројки, односно шест поени за (74:68). Следуваше серија од (7-0) за МЗТ Скопје, за промена на водството на страната на скопскиот тим, (75:74).
Но тоа, за жал, не беше и пресудниот момент на мечот. Го имаа домашните кошаркари, поточно, Буљан, кој со скок во напад, го врати водството на домашната страна.
На 2.1 секунда пред крајот, положи за (77:75).
Шансата натпреварот да „доживее“ и второ продолжение не ја искористи Баковиќ, па казната во вид на пораз го стигна МЗТ Скопје на ова гостување во Загреб.
Двоецот , Слај-Едвин одигра одличен меч во спортскиот центар „Дражен Петровиќ“ во Загреб. Искомбинираа Американците во „сино-бела“ комбинација, дури 43.поени. Повеќе од половината за нашиот првак на ова прво гостување во новата сезона од АБА 2 лигата, за нив неуспешно.