Кошаркарите на МЗТ Скопје го одиграа вториот натпревар од втората АБА лига. Имаа нималку лесно гостување во Никшиќ, каде за противник им беше екипата на Сутјеска.
Одиграа доста добро прво, но и далеку од идеално, второ полувреме во кое ја загубија двоцифрената позитива стекната во првите 20.минути,, и загубија.
СУТЈЕСКА – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 83:77
Особено добра игра во одбрана, пред се, „сино-белите“ од Скопје покажаа во втората четвртина. им дадоа на домаќините да реализираат само девет поени. Од друга страмна, постигна седум повеќе, и како награда за вложениот труд, дојдоа и до двоцифрено водство на полувремето (37:27).
Девет играчи од составот кој на теренот го „изнесе“ тренерот Васко Атанасов, се запишаа во листата на стрелците, но далеку најефикасен беше Смит Мексвејн. реализираше 12.поени.
Но во Никшиќ требаше да се одигра уште едно полувреме...
Или 20.минути во кои Сутјеска направи компетен играчки и резултатски пресврт.

Во третиот период, домаќините анулираа дел од негативата, и последната четвртина двете екипи ја дочекаа со резултат (58:52) во корист на гостите од Скопје.
Но последниот период „металците“ го одиграа доста лошо, особено во нападот. Имаа сериозни проблеми со реализацијата. На другата страна домаќините знаеја да го искористат тоа, и она што го наајавија во третата, го реализираа во четврттата четвртина. На 1.20 минута до крајот, Сутјеска поведе со (78:71). И на крајот тоа се покажа и како доволно за победа на домапната екипа.
Во гостинската Смит Мексвејн заврши со 20.поени (шест скока), МекКејден даде 15 (имаше и пет скока), Гил застана на 14 (и четири скока), но изостана поддршката од другите.
Во третото коло од регионалното натпреварување, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе имаат уште едно гостување, во Бања Лука, На 5.ноември, ќе играат против дебитантот во оваа конкуренција, екипата на Студент.