24.03.2024

Во натпревар без резултатски императив, македонскиот првак застана пред домаќинот на турнирот (79:82), за петто место во првата фаза

АБА 2 ЛИГА: МЗТ Скопје загуби од Широки, и закажа четвртфинале – со Широки!

На затворањето на регуларниот дел од сезоната, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, за противник го имаше домаќинот и на овој собир во АБА 2 конкуренцијата – екипата на Широки. По лошото издание особено во финалните минути на првото полувреме, македонскиот првак загуби, и заврши со ефект (8-5), а во доигрувањето за место/та во АБА лигата ќе тргне од позицијата број 5.

Интересно, за место во полуфиналето, екипата од Аеродром ќе разигрува со вечерашниот противник - Широки...

ШИРОКИ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 82:79

Аеродромци беа во постојан резултатски дефицит во првото полувреме. На средина на втората четвртина, се доближија и на негатива од шест поени (31:25). Но следуваше серија од (9-0) на домашната екипа, доволна да побегне на највисоката позитива во 20.минути од играта (46:31).

Полувреме во кое МЗТ Скопје шутираше очајно, особено зад линијата за три поени. Погодија гостите само една тројка (од 14 обиди), Минути во кои тренерот Васко Атанасов не можеше да смета на капитенот Дамјан Стојановски, што беп сериозен хендикеп во обидот да се стигне до некоја позиција погоре на табелата по завршувањето на 13, последно коло од регуларниот дел од регионалното натпреварување.

Ништо подобро не играа „металците“ ниту во второто полувреме. Домашната екипа ги искористи сите слабости во одбраната на „сино-белите“: Поведе Широки и со плус од 23 поени, (62:39) кога се играше 26.минута. На истекот на третиот период, беше нешто пониски (70:51) во корист на домаќините.  

Во последните две минути, „металците“ направија невидени (16-0), стигнаа на само еден посед негатива (77:80). Но им останаа само, нецели 16 секунди да направат чудо, и да победат!

Но Делалиќ не ја искористи (прет)последната прилика на мечот, не погоди тројка која ќе донесеше израмнување. Недолго потоа, при резултат (82:79), шанса за истото доби и Миловановиќ, кој од извесно, една доста тешка ситуација, не погоди за три поени, па победата, заслужена, остана за Широки.

Баковиќ реализираше 16.поени, Делалиќ 12, А В.Стојановски додаде уште 10. за МЗТ Скопје на овој последен меч од регуларниот дел од сезоната во ова регионално натпреварување.

Како понатаму, во доигруавњето?

По 13. одиграни мечеви во сезоната, екипите на МЗТ Скопје и Подгорица завршија со идентичен ефект (осум победи и пет порази).

Во оној меѓусебен скор, нашиот претставник ја има победата (78:74) против екипата од главниот град на Црна Гора, и, интересно,  плеј-оф натпреварите ќе ги стартува од позицијата 5, која за противник ја има „четворката“, во овој случај, екипата на Широки, додека пак Подгорица, која заврши како шеста, и во доигрувањето (подобар во два натпревари, дома-гости), за ривал ќе го има третопласираниот тим од регуларната фаза – Златибор.

Четвртфиналните натпревари ќе се играат на 10. април (на теренот на послабопласираните екипи), и два дена подоцна, на 12. април (на теренот на екипата со подобар пласман во регуларниот дел).

АБА 2 ЛИГА

ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

ПРВ НАТПРЕВАР – 10.АПРИЛ

Хелиос - Спартак

Сутјеска - Војводина

МЗТ Скопје Аеродром - Широки 

Подгорица - Златибор

ВТОР НАТПРЕВАР - 12. АПРИЛ

Спартак – Хелиос

Војводина – Сутјеска

Златибор – Подгорица

Широки - МЗТ Скопје Аеродром