На последниот ден од турнирот во Суботица, следуваше и дуелот на двете македонски екипи. Во „репризата“ на ланското финале на домашниот плеј-оф, Пелистер го предизвика МЗТ Скопје Аеродром. И уште еднаш, актуелниот македонски шампион покажа дека е подобар од „зелено-белите“. Доволно за прва победа на турнирот, и воопшто во новата сезона од регионалното натпреварување,
ПЕЛИСТЕР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 78:91
На „пелистерци“ им припадна првата четвртина, ја добија со (25:22). Но МЗт Скопје возврати во втората, делуваше подобро македонскиот шампион во тој дел од играта. Ја доби со (23:15) и на одморот замина со сосема солидни, во однос на прикажаното (45:40).
Дамјан Стојановски постигна 11, Расел додаде 9, Танасовиќ 8, а Андоновски уште седум поени за „сино-белите“ во првите 20.минути.

На другата страна, пријатно изненади Лука Стојановски, кој во тоа прво полувреме реализираше 16.поени (4/5 во шутот зз три поени), додека Бернард имаше уште 12 (3/5 за три).
Второто полувреме покажа колку е важна „должината на клупата“ која ја имаат двете екипи. МЗТ Скопје Аеродром (недостасуваше повредениот Баковиќ) е во голема предност во тој поглед. Уште поголема „разлика“ прави присуството на браќата Војдан и Дамјан Стојановски.
Згора на тоа, Александар Костоски немаше „своја вечер“, што беше дополнителен проблем за екипата од Битола.
Со само тројца расположени играчи, освен одличниот Стојановски и Бернард, во второто полувреме тоа го покажа и Маслинко (заедно 62. поени од вкупно 78), Пелистер не можеше да му парира на тимот од Аеродром.

На крајот на овој „балон“, МЗТ Скопје Аеродром, со пет „двоцифрени играчи“ на теренот, стигна до првиот триумф, еден триумф има и Пелистер, додека ТФТ си замина во Скопје со два порази.
Следната дружба во оваа конкуренција е во ноември, на Златибор. Таму, од 13.до 19.номеври, ќе се одиграат уште три кола од регионалното натпреварување.