17.10.2022

„Пелистерци“ со искуство плус со играње во ланското издание, „црно-белите“ како дебитанти во дуелот, кој почнува вечерва од 21. часот.

АБА 2 ЛИГА: На стартот, големото македонско дерби, ТФТ-Пелистер

Првото коло од новата сезона во АБА 2 лигата го носи, за нас, најважниот дуел, оној помеѓу двата македонски претставници, екипите на ТФТ и на Пелистер.

Ждрепката на натпреварувачките броеви посака на премиерата на првиот турнир, однсно т.н. „балон“, кој стартува денеска на Златибор, од 21.часот, да се соочат двете македонски екипи.

За ТФТ ова ќе биде и дебитантски настап во оваа регионана конкуренција. Претходно, „црно-белите“ се пробаа и со играњео во квалификациите за ФИБА Лигата на шампионите, а својот клупски „прогрес“ го гледаат и низ натпреварите во второто, според квалитет, регионално натпреварување- АБА 2 лигата.

За екипата од Битола пак ова е продолжение на работата која ја стартуваа лани. За тоа говори нивниот предводник од клупата, Марјан Илиевски:

„На почетокот на сезоната јас имав најава дека можеме да дојдеме до некои повисоки места на табелата. Но сега, се зависи од ангажманот на некои нови играчи со кои можеме во оваа конкуренција да играме и со повеќе од четири странци. За првиот ‘балон’, мислам дека ќе биде успех ако се вратиме дома во целосен ростер, и повторно да немаме некои незгодни случувања, од типот на повреди и на болести.

Играњето во АБА 2 лигата сеуште треба да биде искористено за уште поголема промоција на клубот, да покаже еден континуитет, како клуб кој што настапува две години по ред. Резултатите се ставени во втор план. Меѓутоа, сето она кое што ќе биде на самиот турнир, на секој натпревар, нормално ќе пробаме да го презентираме клубот во најдобра слика“ – вели пред почетокот на „балонот“ на Златибор, шефот на струката во КК Пелистер.

Екипата од Тафталиџе не се чувствува како вистински дебитант во ова натпреварување, особено ако се земе в предвид дека веќе неколку сезони играа во БИБЛ лигата, лани и во ФИБА Еврокупот, а оваа беа учесници на  квалификацискиот турнир за ФИБА Лигата на шампионите во Скопје.

„За нас деби во АБА2 лигата, меѓутоа веќе низ годините сме навикнати на регионално натпреварување и ‘како тоа изгледа’, нешто што сигурно може да ни помогне годинава на натпреварите од АБА 2“.

За дуелот со Пелистер, Смилковски потенцира:

„Натпревар против екипа чиј идентитет и карактер го познаваме. пред сè поради континуитетот на работа на стручниот штаб во екипата на Пелистер. Ростерски изменет состав меѓутоа повторно нè очекува натпревар против добро подготвена екипа и на физички и на тактички план. Можам да кажам дека сме спремни, анализиран е противникот и гледаме свои шанси за победа во дебито од АБА. За очекување е да гледаме добар натпревар, и на најдобар начин да ја претставиме македонската кошарка во регионални рамки“.

Освен двете наши екипи, на овој турнир Македонија ќе има и свои други, официјални претставници. Дел од судискиот кадар на „балонот“ ќе бидат Боро Антовски и Никола Јакимовски, додека во улога на делегат ќе биде Антонио Теофиловски.

АБА 2 ЛИГА – СЕЗОНА 2022/0223

ДВОЈКИ 1. КОЛО

ДЕНЕСКА:

15.00: Подгорица – Сутјеска

18.00: Шенчур – Хелиос

21.00: ТФТ – Пелистер

18.ОКТОМВРИ (ВТОРНИК)

15.00: Крка - Спарс

18.00: Широки – Борац

21.00: Слога – Златибор

19.ОКТОМВРИ (СРЕДА)

15.00: Вриједноснице Осиек - Горица