Во дуелот на две екипи од долниот дел од табелата во АБА 2 лигата, Пелистер одигра бледи 40.минути, и го запиша шестиот пораз во осум одиграни кола од регионалното натпреварување
РОГАШКА – ПЕЛИСТЕР 92:79
Сериозна беше бројката од дури седум загубени топки за кошаркарите на Пелистер во првиот период од играта. Една од главните причини што Рогашка се стекна со предност, макар и минимална (23:22).
Кесар и Малешевиќ ги реализираа најголемиот дел од поените за Пелистер во уводниот дел од играта. Искомбинира српскиот тандем на „зелените“ 15. од тие 22. почетни поени за нашиот претставник.
Во мини-серии се играше во вториот период. Пелистер успеа да го врати водството (26:23). Но двете тројки на Смит и 12. поен на Вујачиќ, му донесоа одлична предност на словенечкиот претставник во АБА 2 конкуренцијата од (34:26).
За среќа, и на овој собир во Бања Лука, Пелистер го има феноменалниот Кесар, кој со пет поени во низа го врати својот тим кон егал скор (31:34). Но битолчани никако не успеава да се одбранат од Смит, кој ја уфрли и својата четвртта тројка за кратко време во игра, и по која Рогашка имаше и двоцифрена предност (41:31) по 16.минути.
Проблем им беше добро поставената зонска одбрана на Рогашка, која имаше и уште повисоки (46:34). Но и раното влегување во „бонус“, по кое противникот изведе голем број на слободни фрлања во таа втора четвртина, вкупно 11, за среќа по „пелистерци“, реализирани само пет од нив.
За високи (48:36) за тимот од Рогашка Слатина...
Уште поголема беше предноста на Словенците во продолжението. Имаа и највисоки (60:45) во средишниот дел од четвртината во која Пелистер попушти и во одбраната. Освен Малешевиќ и Кесар, и на моменти, новакот Николиќ, немаше друга помош и во нападот.
Но добра работа е што Пелистер немаше намера да се откаже. Па уште еднаш, на почетокот на последната делница, беше на едноцифрено заостанување, (66:74). И имаше уште долги седум минути за последен обид за „камбек“.
Но и да се играше повеќе, тешко дека со ваква игра „пелистерци“ ќе ја победеа претпосладната екипа во АБА 2 конкуренцијата. По овој пораз сега се изедначени во бодовното салдо со Рогашак, имаат скор (2-6).
Утре навечер, од 21.часот, вториот наш претставник на турнирот во Бања Лука, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, го игра својот втор натпревар. А за противник тимот од Аеродром ќе ја има екипата на Подгорица.