Одиграа далеку под своите вистински можности „сино-белите“ од Аеродром, особено тоа се однесува за втората четвртина во која противникот, не претерано квалитетен, но упорен, и со поголема желба и енергија за успех, ја направи клучната предност која го одведе до победата.
РОГАШКА – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 80:64
Полувреме за заборав одиграа „сино-белите“ во натпреварот против словенечкиот претставник.
Особено тоа се однесува во втората четвртина во која македонскиот првак потполно ја загуби концепцијата во играта.
Неколкуте реализации на капитенот Дамјан Стојановски требаше да бидат најава за нешто подобра игра од онаа прикажана во втората „половина“ од првата четвртина.
Но, за кратко време, од два поени (25:27) по поентираањето на Стојановски, негативата се претвори во двоцифрена. На крилјата на Приморац и Вујачиќ (заедно 28.поени), екипата од Слатина за нешто повеќе од пет минути направи серија од (20-4), за повеќе од убедливи (45:29) на полувремето.
Сосема поинаку продолжија „металците“. Со серија од (8-0) за 90. секунди се „симнаа“ на едноцифрен минус (37:45). Но и ѕоа беше „со краток век на траење“. Словенците брзо се вратија на „стандардната“ предност од 13-14 поени.
Слично беше и на крајот на овој дел од играта во м=кој Мекиќ не ги скрати оние (62:51) на Рогашка (ги утна двете слободни фрлања).
Како играа во тие три четвртини, реално, тешко беше за очекување дека може да има „камбек“ на нашата екипа. Напротив, се случи обратното, Рогашка заигра уште подобро, и изненадуваќки лесно отиде на плус од повеќе од 20.поени.
И наместо со две победи, МЗТ Скопје Аеродром се враќа во Скопје со половичен ефект по првиот „балон“, овој на Златибор.
Првиот турнир од АБА 2 лигата на Златибор се затвора утре А од 18.часот, екипата на Пелистер ќе го одигра својот втор меч во оваа конкуренција. За противник ќе има уште една екипа од Црна Гора, Сутјеска од Никшиќ.