05.11.2024

Во овој момент, Босна делува преубедливо во однос на скопските „црвено-бели“, го потврди тоа и во „Скендерија“ победи со (84:58)

АБА 2 ЛИГА: Ништо ново од Работнички и во Сараево

Ништо од Работнички на гостувањето во сараевска „Скендерија“. Видно засилениот тим на Босна стигна до уште еден убедлив триумф, по кој нашиот претставник останува на максимално негативен скор, четири игри-четири порази.

БОСНА – РАБОТНИЧКИ             84:58

Вечерашниот дуел во Сараево, скоро во целост, беше своевидна реприза на оној одигран пред извесно време во Скопје.

Апсолутна доминација на сараевските „студенти“, особено тоа се однесува за играта во втората четвртин а во која она што го изградија во првата (водство од 25:16), го претворија во плус 25 (21:5).

Само пет поени успеа да реализира екипата на Работнички во десет минути игра во втората четвртина, за веќе недостижни (46:21), кои ги направи противникот во само едно полувреме.

Ништо подобро од Работнички публиката во Сараево не виде ниту во продолжението на натпреварот. За нецели две минути, Босна поведе и со (52:21).

Следниот натпревар од групата „Б“ кошаркарите на Работнички ќе го одиграат на гостински терен,  во Никшиќ, на 3.декември, против екипата на Сутјеска.