Екипата на Пелистер загуби од Војводина на војот прв натпревар одигран во „балонот“ на Златибор. Битолчани имаа сјајно „отворање“ на дуелот со екипата од Нови Сад. Во раната фаза се стекнаа со двоцифрена предност. Но како одминуваа минутите, така ја губеа, и на крајот, го запишаа вториот пораз во новото издание на АБА 2 лигата.
ВОЈВОДИНА – ПЕЛИСТЕР 74:64
Екипата од Битола имаше одличен старт на премиерниот меч за нив на турнирот на Златибор. Уште во раната фаза се стекнаа со висока предност. За нешто повеќе од седум минути, стартерите во „зелено“ имаа водство од (22:9).
Во втората четвртина, доста подобра игра на Војводина, која анулираше уште еден дел од високата предност која ја имаа битолчани во првата. На полувремето, Пелистер водеше „само“ со (37:34).
Дваесет минути во кои репрезентативецот Маслинко комплетираше одлични 11 поени и 6.скока, Планиниќ имаше девет...
Во воведните минути од третиот дел, Војводина стигна и до израмнување (39:39). Серијата ја продолжија на (14-6), за водство, сосема солидно, од (48:43). Не застанаа тука новосаѓаните, изградија и двоцифрена предност (55:45).
Потполно се сменија улогите на теренот, затоа што сега Војводина беше екипата која направи (22-9) во третата четвртина, за слични (58:48), за тој најлош период во играта на битолскиот „зелено-бели“ да биде затворен со уште „повисок“ резултат, односно негатива за нашиот тим, (60:48).
На почетокот на последниот период, Војводина направи нова, мини-серија од (8-3) со која стигна и до највисоката позитива (68:51). По тајм-аутот на Радуловиќ, „пелистерци“ одговорија со шест поени во низа, за приближување на (57:68) и доста време до крајот на средбата, 4:45 минути. За жал, без комплетно враќање во натпреварот за нашиот претставник кој го впиша вториот пораз во три одиграни кола од региналното натпреварување.
Исто како и комплетниот тим, така и Маслинко застана, на само два поени во продолжението, вкупно 13 (плус и осум скока), 16. поени за Пелистер постигна Бернард (исто така и седум скока). Планиниќ го заврши овој премиерен меч на Златибор со 12.постигнати поени, Мијовиќ имаше десет, Костоски девет, а Стојановски уште четири реализации.
Според распоредот на натпреварите од 4. коло, на 16.ноември (четврток), од 15.часот, екипата на МЗТ Скопје Аеродром игра против Сутјеска, а ден подоцна, од 18.часот, следува дуелот на две македонски екипи, ТФТ Моцарт-Пелистер.