Лошо прво и одлично второ полувреме одиграа кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродорм на својот прв меч од престојот во Сараево каде се игра третиот „балон“ од АБА 2 лигата.
Од минусна негатива изразена со десет поени, „аеродромци“ влегоа во иста таква, позитивна,за четврттата победа во пет одиграни мечеви од регионалното натпреварување.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ХЕЛИОС 94:88
Дефанзивно лошо прво полувреме одиграа кошаркарите на МЗТ Скопје на овој прв меч за нив во „балонот“ во Сараево. За 20 минути игра, реализираа скромни 35 поени. Од друга страна примија дури десет повеќе, па Хелиос имаше сосема солидни и двоцифрени (45:35), на полувремето.
Тимот од Домжале ги доби и двете четвртини, со идентичен плус од пет поени, првата со (24з:19), втората со (21:16).
Екипата од Аеродром не успеа да ги искористи одличните минути на својот највисок играч Роберт Рикиќ, кој за 11 минути во игра, реализираше 12 поени (и пет скока).
Со шут 1/12 за три поени, и не можеа да се надеваат избраниците на тренерот Дарко Радуловиќ на нешто повеќе во тој прв дел од играта.
Но требаше да се играат уште 20.минути, во кои на теренот како да истрча една малку поинаков МЗТ Скопје Аеродром. Со далеку поагресивна игра во одбраната, и пред се, доста поефикасен напад. Во третиот период од играта „сино-белите“ симнаа седум поени од негативата. Последниот дел го дочекаа со заостанување од само три поени (61:64).
Но тука не застанаа, притиснаа упте повеќе во одбраната. На противникот му дозволија само 11 поени за скоро десет минути. Доволно за комплетен резултатски пресврт, и победа, која уште повеќе ја подигнува самодовербата пред наредните две искушенија во Сараево.
Извонредно второ полувреме одиграа Мекиќ (ги даде сите 20 поени во тој период) и Вер (застана на 23.реализации), играчи кои му се продружија на одличниот Рикиќ. Двоцифрен број на поени,десет, имаше и Милошевиќ, за сериозна „поправка на впечатокот“ оставен во првите 20.минути.
Утре навечер, на сцената во салата „Хилс“, повторно ќе бидат кошаркарите на Пелистер. Од 21.часот ќе имаат тешка задача да бидат подобри од актуелниот лидер на табелата, екипата на Борац од Бања Лука (пет победи во исто толку натпревари.