18.03.2024

Во драматичната завршница, „пресуди“ тројката на Костоски, за минимална и голема победа на битолчани против Борац (73:72)

АБА 2 ЛИГА: Пелистер е уште еден чекор поблиску до плеј-офот

Екипата на Пелистер јаа имаше таа чест да го отвори последниот турнир од АБА 2 лигата во оној регуларен дел од сезоната, кој во текот на оваа седмица ќе се игра во Широки.

За противник ја имаа екипата на Борац од Бања Лука за која настапува нашиот репрезентативец Теодор Симиќ. Во драматичните 60 секунди, Александар Костоски погоди тројка вредна победа.

ПЕЛИСТЕР – БОРАЦ БАЊА ЛУКА         73:72

Нерешено беше во воведните пет минути (7:7) од натпреварот, прв на последниотт oтурнир во АБА 2 лигата од нејзиниот регуларен дел.

Но само до влегувањето во игра на Александар Костоски, кој набрзина реализираше осум поени, за првото опипливо водство за нашиот претставник (21:14). До истекот на првата четвртина таа позитива беше нешто пониска, (23:18).

Костоски, потпомогнат од Стојановски, со две тројки, донесоа уште повисоки (29:20) на почетокот на вториот период.

На скоро исто „растојание“ беа битолчани во 19 минута, кога по поените на Планиниќ, поведоа со (39:31). Но во оние последни две од првото полувреме, екипата од Бања Лука, со петте поени на Вест, намали на (36:39). А со својот 11. поен (исто колку што постигна и Костоски), Планиниќ постави (40:36) за Пелистер на полувремето.

По „големиот одмор“, доста подобра игра на Борац, серија од (15-2) за преземање на водството (51:42), по само четири минути игра.

Во наредните четири минути „пелистерци“ уфрлија само три поени, доволно за екипата од Бања Лука да „побегне“ и на двоцифрен плус (56:44). За таа очајно одиграна четвртина на „зелените“ да заврши со резултат (51:60).

Но пред двете екипи стоеја уште десет минути за решение кој ќе биде победник на овој важен меч...

Одлично го почнаа периодот на одлука „пелистерци“. Направија серија (7-0) се доближија на (58:60). А по тројката на Најт, во 34 минута го вратија водството (63:62).   

За кратко, затоа што противникот направи своја мини-серија, за да поведе со (72:67), кога останаа да се доиграат три минути. Планиниќ, најдобриот поединец во редовите на македонскиот претставник, реализираше три поени, и ја сведе негативата на еден посед, (70:72).

Долго време чекаа „пелистерци“ на Костоски, „се појави“ во вистински момент најискусниот во нивните редови. Погоди уште една тројка, за ново водство на Пелистер на 39 секунди пред крајот. Моменти кои битолчани успеаја да ги „преживеат“, и да победат.  

Планиниќ имаше повеќе од солидно издание, го заокружи со двоен ефект, изразен со реализација на 21.поен, 15.скока и 5.асистенции.

Костоски застана на бројката од 14. поени (4/7 за три поени), имаше и четири скока, додека свој придонес даде и Најт, реализираше 13.поени, кои ги дополни со седум асистенции и четири скока.

Поради здравствени проблеми, Теодор Симиќ остана на клупа и не доби шанса од тренерот на Борац, Кашчелан да заигра на овој натпревар.

По 11 одиграни кола, Пелистер има ефект од пет победи и шест порази. Скор кој ги става во првата „осумка“ која ќе биде дел од плеј-офот во пресрет на последните два натпревари на овој собир во Широки.

А утре вечер, од 21. часот, на истото место, следува македонското дерби, односно дуелот помеѓу екипите на МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ Моцарт.